Pavlovska.Marija.jpg


Почитувани,

Ве информираме дека на 29 септември 2013 година, во MANA CONTEMPORARY  имаше отварање на 6 нови изложби, каде Марија Павловска (македонски уметник која живее и работи во Њујорк) на отварањето учествуваше со отворено ателје покрај 70-те други ателјеа на современи автори. Публиката (над 4000 посетители), њујорски куратори, галеристи, љубители на уметност, колекционери, новинари.... имаа можност да ја видат постапката на работење за нејзината следна изложба и разговараа лично со неа...
Во 2011 година во ареа на Њујорк  се отвори водечки (бреатхтакинг) нов Современ Уметнички Центар / Музеј - МАНА ЦОНТЕМПОРАРЅ. Истиот е поместен на листата на туризам на НЅЦ = ЅОУ МУСТ СЕЕ (МОРА ДА СЕ ВИДИ)... (покрај Статуата на Слободата, Рокафелер центарот, Тајм сквер, МОМА, Метрополитен музејот итн.). Сличен на МОМА (Музеј на современа уметност), но со поинаква структурата, покрај галериските простории на 6 спрата каде се изложуваат врвни изложби на современи автори и колекции од врвни колекционери, на 4 спрат се наоѓаат ателјеа кои преку конкурс се доделуваат на ЕМЕРГИНГ АРТИСТ (веке докажани и активни уметници) на една или повеќе години со цел, публиката покрај посетата на музејот да има можност да ги посети и види ателјеата на постоечките живи активни автори и да се запознае лично со авторите.  Авторите се задолжени да ги отворат своите ателјеа при отварањето на нови изложби (на секои 2-3 месеца). Марија Павловска од септември минатата година е добитник на ателје во овој центар за  уметност.

Марија Павловска делува активно на њујорската сцена веќе 4-5 години. После првото нејзино претставување со самостојна изложба во мај 2007 во Њујорк во Галеријата МЦ во Мидтаун - Менхетен, овозможено од Министерството на култура на РМ, изложбата побуди внимание  кај публиката  и галеристи, и беа направени контакти со галерии, куратори..... и на нивна покана и беше понудена понатамошна соработка. Тоа беше причина пак да се врати во Њујорк и да работи на нови проекти и изложби. Од тогаш, па до сега живее на релација Скопје - Њујорк и е максимално застапена како автор на њујорската сцена. Од 2009 година е екслузивно презентирана од приватната галерија ''ФЛА”, со која галерија соработката трае до денес....Во меѓувреме е активна на полето на ликовната уметност  со 20 групни и самостојни изложби во галерии во Њујорк - Менхетен и Конетикат, а во 2010 оствари самостојна  изложба и во Берлин во галеријата ''Прима центар”. Во 2011 година е победник на големата награда АВТОР НА ГОДИНАТА НА СИТИБАНК.  СИТИ БАНК  (една од водечките банки во Америка) еднаш годишно распишува конкурс за претставување на автор. Наградата овозможува претставување на авторот со самостона изложба во нивниот бранч на 5 Авенија и 60 улица (строг центар на Менхетен) во целосна нивна покровителност. Нашиот Конзулат при Обединетите нации исто имаше свој говор при отварањето, а присуствуваа и амбасадорот и членови од Македонската Мисија при Обединетети Нации. Тоа беше еден значаен момент за целата македонска култура. Ова беше исто еден голем и значаен момент на нејзиното влегување како автор на Њујорската уметничка сцена.