Австриската современа уметност претставена во Чифте амам
Четврток, 11 Јули 2013 08:48

„Копнеж по реалното“ е насловена изложбата што синоќа беше отворена во Чифте амам која е резултат на соработката меѓу Министерството за образование, уметност и култура на Австрија и Министерството за култура на Република Македонија.
avstrija-cifte1

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето истакна дека изложбата ги потврдува заедничките заложби  да ги промовираме и афирмираме националните културни вредности што ги поседуваме и да дадеме свој придонес во збогатувањето на европскиот културен мозаик.
- Истовремено, со денешниот уметнички чин, повторно им овозможуваме  на уметниците отворено да комуницираат  и да бидат ефикасни медијатори во меѓусебното запознавање и почитување на разликите меѓу нашите две култури - рече Канческа-Милевска.09_Avstr-300
Во рамките на изложбата се претставени дела на 22 уметници од современата австриска сцена кои ги истражуваат разновидните модели на реалноста и во центарот на нивната работа ја ставаат свесноста за тоа.

Изложбата, која досега е претставена пред љубителите на уметноста во Мексико, Куба, Германија, Турција, Русија, Србија, Хрватска, нуди еден широк спектар на медиумско изразување и говори за убавината на индивидуалните уметнички дела, но уште повеќе за луѓето, за социјалните врски, нивните очекувања и копнежи.
Канческа-Милевска пред присутните информираше дека и изложбата „Леб и сол“ на Националната галерија, која во ноември годинава ќе биде претставена во палатата „Порчиа“, во Виена, ќе биде интересна провокација за австриската културна јавност да се запознае со најновите остварувања на македонските уметници. 

 

 012_Avstr-640

 06_Avstr-640

Извор: Министерство за култура на РМ