ВО КИЦ


 


Групна изложба на фотографии на членовите на фото клубот "Елема" од Скопје ќе се отвори вечерва (20 ч.) во КИЦ. 14 членови на "Елема" од неколку различни генерации и со различни стилски ориентации ќе се претстават со избор од свои фотографии.

Изложбата е замислена истовремено како заокружување на успешната фотографска година, во која фото клубот "Елема" заедно со Фото сојуз на Македонија го организираше претставувањето на колекцијата "Современа македонска фотографија" во јуни месец во Чачак, Србија и редовната годишна изложба "Денови на македонската фотографија 2007" во октомври во Скопје, но и најава на престижната меѓународна изложба "Фотомедија 2008" чие одржување се планира во ноември 2008 г.

Со индивидуални, тематски различни и стилски разнородни уметнички фотографии ќе се претстават: Боро Рудиќ, Цветан Гавровски, Раде Луковиќ, Дејан Гилески, Никола Николов, Емин Кумбараџи, Зоран Ивановски, Љупчо Ристовски, Дарко Петровски, Катарина Ристовска, Владимир Секуловски, Маја Аргакијева, Гоце Ефтимов и Кирил Шентевски.