Скопје- 06. 12. 2007 год.

Искушение“ на локација во Св. Петка

Четврти ден од сниањето на филмот

reziserot.jpg

Режисерот Бранко Костески со дел од екипата

dane1.jpg

СЦЕНА 4. ЕНТ. ЦРКВАТА, - ДЕН
(СТЕФАН, ЖЕНАТА, МИСТЕРИОЗНИОТ ЧОВЕК, КЛИСАРОТ)

dane2.jpgОтец Стефан во црквата зборува со некоја жена на триесетина години. Внатре гледаме и уште една жена, млада, на дваесетина години која пали свеќа и се прекрстува. Стефан сеуште зборува со жената. Младата жена си заминува. По некој момент влегува човек - висок, облечен целиот во црно - црн мантил, со качулка на главата. Не се прекрстува. Лицето не му се гледа, па не се препознава на која возраст е. Исто така не се препознава дали е маж или жена. Во раката држи свеќа, незапалена. Стои така пред влезот на црквата свртен кон олтарот, држејќи ја свеќата со двете раце. Стефан го забележува и додека зборува со жената му го одвлекува вниманието.
 

ЖЕНАТА
Благодарам оче уште еднаш.
Значи на дваесет и први, закажано е?

dane.jpg

СТЕФАН
Да, да, секако.
(погледнува накај Мистериозниот)
ЖЕНАТА
Само уште нешто...
 
Отец Стефан се помалку и обрнува внимание на жената, а се повеќе гледа накај Мистериозниот човек. Овој ја пали свеќата и се уште стои со поднаведната глава и со качулката преку главата. Стефан сеуште зборува со жената. Преку нејзиното рамо го забележува мистериозниот човек како ја подига малку главата, доволно, колку да му се види дел од лицето. Очите му се сеуште во сенка. Лицето му е бледо како кај мртовец. Всушност, тоа е бело. Со некоја злобна насмевка стои, и во тој момент му засветуваат очите од сенката. Го гледа Стефан кој се запрепастува. Запалената свеќа, одеднаш ја забодува во песокот со пламенот надолу. Стефан го прекинува разговорот со жената и му подвикнува.
СТЕФАН
Еј!
 
Мистериозниот човек се врти кон излезот и исчезнува надвор. ...


dane4.jpg

Договор за следниот кадар-

 

фото:Марија Нисотовска

 


Скопје, 5 декември (МИА) - Во клубот „Миднајт“ денеска почна снимањето на краткометражниот игран филм со работен наслов „Искушение“, по сценарио и режија на Бранко Костески, во продукција на продуцентската куќа „Гејзер“, финансиски поддржан од Министерството за култура.

- Филмот раскажува едноставна урбана приказна за борбата на доброто против злото. Се случува во 2001 година, за време на конфликтот. Во игра е еден свештеник и, всушност, тоа е неговата внатрешна борба со себе и злото. Јас ја раскажувам приказната, а поентата ја сфаќа секој сам на свој начин, изјави режисерот Костески, кој е и автор на сценариото.  Тој посочи дека годината 2001-ва е само временско локализирање што  на приказната треба да и даде добра подлога. - Не алудирам на конфликтот и немам порака, истакна Костески.  

Во план е филмот да трае 20 минути. Ќе се снима и на други локации - куќи во Козле и во Маџир Маало, црква „Света Петка“, хотел на Водно. Снимањето треба да заврши на 10 декември, потоа ќе следува монтажа и се очекува да биде готов во јануари. Амбиција на авторот е со филмот да учествува  на сите фестивали каде што ќе влезе во конкуренција.  

Ова е прв професионален филм на Костески, кој ги завршува студиите на Одделот за филмска режија на  „Черноризец Храбар“ во Софија - дел од Варненскиот универзитет.

Улогата на свештеникот ја игра  Сенко Велинов, а покрај него во актерската екипа се и Петар Арсовски, Тони Михајловски, Синоличка Трпкова, Кољо Черкезов, Марко Јорев, Салаетин Билал, Камка Тоциновски, Данчо Чеврески, Елхаме Билал, Жаклина Стефковска, Игор Стојчевски и Сања Арсовска. Продуцент на филмот е Зоран Ристески, директор на фотографија Апостол Трпески, сценографијата е на Бујар Муча, а костимографијата на Жаклина Крстевска. хс/са/12:58