ОСЕТИТЕЛИТЕ НА 13. СФФ РЕШИЈА:


Соул-кујна на Фатих Акин најдобар филм


Филмот "Соул-кујна" на германскиот режисер со турско потекло Фатих Акин собра најмногу гласови на 13. Скопски филмски фестивал. Според новата практика воспоставена годинава овој филм доби 400 гласа од страна на посетителите. Тие на ливчињата за гласање што ги добиваа пред проекциите можеа и да го оценат филмот, па така "Соул кујна" имаше просечна оценка 4,7 од максималната 5.

На Фестивалот беа доделени и награди. Филмот "Еден" од Вардан Тозија беше најдобар во конкуренција на кратки балкански филмови. За едноминутен филм награда добија авторите Ненад Јолдески, Никола Матоски и Горан Ристов.

Годинешниов Скопски филмски фестивал беше отворен на 21 април со шпанскиот филм "Јас, Дон Џовани" на режисерот Карлос Саура, а во текот на оваа традиционална филмаска манифестација беа прикажани над 70 филма. Поголем дел од нив се наградени или учесници на светски фестивали. Во деветте филмски денови кај скопската публика најмногу интерес предизвикаа филмовите "Либан", "Сериозен човек", "Граници на контролата", "Антихрист", "Живот за време на војна" , "Коко пред Шанел".

Извоhttp://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=56D611D385642F458ECE5885DE1EE6D9р: