markov.sv.Zlata1.jpg

Скопје, 26 април (МИА) - Доајенот на филмската камера Љубе Петковски (1924) денеска од Кинотеката на Македонија ја доби наградата „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

markov.sv.Zlata1.jpg

Во неговата богата филмографија се стотина играни и документарни филмови, за кои добил и високи домашни и меѓународни признанија, како „Златната арена“ за фотографија во Пула за филмот „Јад“, „Краковски змеј“ за документарецот „Голгота“, а е награден и со златна статуетка „Милтон Манаки“ за развој на филмската уметност.

markov.sv.Zlata1.jpg

Тој е снимател на првиот македонски игран филм „Фросина“ и на голем број други антологиски филмови -  „Мирно лето“, „Солунските атентатори“, „До победата и по неа“, „Време без војна“, „Црно семе“, „Јад“, „Волча ноќ“, „Жед“, „Јужна патека“, „Бунтот на куклите“...

Во прегледот на филмското творештво на Петковски, филмскиот критичар Илинденка Петрушевска неговата естетика и истенчениот вкус ги поврза со неговата младешка љубов кон летањето и деновите што по Втората светска војна ги поминал во скопксиот Аероклуб и во Народна техника.

- Она што секогаш ме фасцинираше во опусот на играни филмови што ги сними  Љубе Петковски како директор на фотографија беше чувствителноста на снимателот пред хроматските разлики меѓу црно-белата и колор-фотографијата. Пластичните ефекти од примената, било од едната или од другата можност се подеднакво успешни и атрактивни иако, се разбира, црно-белата форографија ги подвлекува со посебен интензитет светлинските и сетилните контрасти, како и емоциите кои можат брзо да се претворат во своја спротивност, додека колорот ја истакнува со поголема сугестивност емоционалната рамнотежа,  рече Петрушевска.

markov.sv.Zlata1.jpg

Пековски во изјава за медиумите рече дека имал убава професија и оти е задоволен од тоа што го оставил.

- Секој филм носи многу доживувања, средби со многу добри луѓе, актери, соработници, за кои во овие години, кога веќе не снимам и кога живеам од спомени, сум им крајно благодарен. Тоа што сум можел да го кажам, мислам дека е кажано низ кадрите. Тие говорат сами за себе. Наградата не ја очекував, не заради нешто друго, туку затоа што подолго време не сум активен, а тогаш човек има впечаток дека е заборавен. Драго ми е што не ме заборавиле и одушевен сум од сознанието што дојдов по долго време во Кинотекава и видов дека е таа европски опремена и конципирана, истакна Петковски. хс/скс/14:46

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg

markov.sv.Zlata1.jpg