markov.sv.Zlata1.jpg

Горан Тренчовски, режисер и директор на Астерфест, на официјална покана од организаторите, престојува на Фестивалот на краткометражен филм во Белград кој се одржува од 30 март до 3 април под слоганот "хепи-енд". На овој најстар  фестивал на краткиот филмски метар во Југоисточна Европа, струмичкиот Астерфест  има свое претставување, а со директорот на белградскиот фестивал Јанко Баљак е договорено и потпишување меморандум за меѓусебна соработка. Исто така, на пресот посветен на Астерфест, Тренчовски соопшти дека познатиот педагог и режисер на црниот филмски бран Боро Драшковиќ ќе биде прогласен за почесен член на Тивериополската филмска алијанса и дека својот 75-ти роденден Драшковиќ на филмски начин ќе го помине на Астерфест, а ја пренесе и веста дека при неговото доаѓање во Македонија, Драшковиќ ќе има активности и на ЕСРА. Инаку, Драшковиќ е широко познат по своите авторски документарни, кратки, ТВ и долгометрaжни филмови и по својата даровита умешност за пренесување на своето знаење на помладите егенерации, како и како исклучителен писател на есеи за драмските уметности. Некои од неговите филмови се: ХОРОСКОП, ЖИВОТОТ Е УБАВ, КУЈНА, ПАРАДОКС ЗА ШАХОТ, ПОПЛАДНЕ НА ГРЕНЛАНД и др. Во текот на престојот на Фестивалот за краток филм во Белград, Горан Тренчовски се сретна со меѓународни претставници на фестивали и филмски автори од повеќе држави и истовремено ги покани да присуствуваат на шестото издание на Астерфест во Струмица од 27 до 31 мај.