fest.London.jpg

Во четвртокот на 23-ти Април, во киносалата Принц Чарлс во централен Лондон, започна вториот Македонски Филмски Фестивал.
Во присуство на амбасадорот на Република Македонија во Обединетото Кралство г-ѓата Марија Ефремова и претставници од Македонска Православна Црква, вовевден збор даде уметничкиот директор на фестивалот г-ѓата Весна Соколовска и го покани председателот на Друштвото на филмски работници на Македонија   г-динот Роберт Насков кој ги поздрави гостите и го прогласи фестивалот за отворен. Со проекцијата на документарниот филм “Тхе Хардест Тхинг”, му се одаде почит на најуспешниот и најпознатиот македонски амбасадор, прерано починатиот Тоше Проески. На проекцијата беше поканет и продуцентот на истоимениот албум на Тоше, Енди Рајт, кој зборуваше за неговата соработка со Тоше.
Оваа манифестација е поддржана од Адриа Аирвејз, Словеначката амбасада во Лондон, Филм Лондон, а за транспортот на дел од филмовите се погрижи Министерството за култура и Кинотеката на Македонија. Главниот спонзор на фестивалот Зоран Павловски, власникот на Тхе Хѕде Парк хотелот се погрижи за сместувањето на гостите на фестивалот.
Во наредните денови ќе следуваат проекции на Контакт, Среќна Нова 49та, Солунските Атентатори, Вода И Огин, Преку езерото И Љубовта на Кочо Топеничаров, И како завршница на фестивалот, филмот на Милчо Манчевски Прашина ќе се прикаже во реномираната Британска Акадаемија за Филмска и Телевизиска Уметност - БАФТА.
Неколку дена по фестивалот, на 10ти Мај во Индискиот Културен Центар Баван, културната група Круг организира изложба на моментално најуспешниот македонски фотограф Кире Галевски. Тој заедно со Билјана Митановска е и официјален фотограф на филмскиот фестивал. Изложбата ќе биде отворена од Амбасадорот за Култура г-динот Горан Стефановски.

 fest.London.jpg

 fest.London.jpg