„Полноќен воз“ награден со учество на копродукцискиот форум When East Meets West


Проектот за долгометражен игран филм „Полноќен воз“, по сценарио на Ана Јакимска, ја доби единствената награда, која беше доделена на  меѓународната работилница за развој на сценарио Midpoint, што се одржа во Чешката Република минатата недела. Наградата е учество на авторот и продуцентите на копродукцискиот форум за филмски проекти When East Meets West, кој ќе се одржи во Трст, Италија на 25. и 26. јануари 2016 година.

„Полноќен воз“ е сценарио за долгометражен игран филм на сценаристката и режисерка Ана Јакимска, а продуценти се Дејан Крајчевски и Марија Димитрова од Круг Филм.

На Midpoint, овој проект, беше развиван под менторство на режисерот и професор на ФАМУ, Иво Трајков, како и во консултација со останати скрипт доктори од ФАМУ и други престижни универзитети и лабораториии за сценарио ширум светот. На финалето од оваа работилница, проектот „Полноќен воз“, заедно со уште 17 проекти од 15 земји, беше презентиран пред претставници од програми за развој на проекти и копродукциски маркети, продуценти и директори на филмски фондови ширум Европа.

Досега, „Полноќен воз“ ја има добиено наградата за најдобар тритмент на Eastweek, програма за пишување на сценарија за млади таленти на филмскиот фестивал во Трст, како и финансиска поддршка за пишување на сценарио од страна на Агенцијата за филм на Република Македонија. Исто така, Круг Филм со овој проект учествува и на серијата обуки и работилници MAIA, наменети за млади продуценти од Европа.

 
Линкови:
http://www.wemw.it/
http://midpoint-center.eu/


За повеќе информации, обратете се на 070 362 332 или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..