03_Franc_poseta-320

 
Четврток, 27 Јуни 2013 12:01
Mинистерката за култура оствари средба со Натали Стриф, одговорна за Фондот за помош на светскиот филм во рамките на Францускиот институт во Париз

Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари средба со Натали Стриф, одговорна за Фондот за помош на светскиот филм во рамките на Францускиот институт во Париз. На средбата, на која присуствуваа амбасадорката на Франција во Република Македонија Лоренс Оер, филмскиот критичар и поранешен уредник на „Cahiers du cinéma" Жан Мишел Фродон и директорот на Филмскиот фонд на РМ Дарко Башевски, се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во областа на филмската дејност меѓу двете земји.

04_Franc_poseta-640
-Најпрвин сакам да нагласам дека госпоѓа Стриф раководи со една исклучително значајна институција од филмската дејност во Франција. Станува збор за „World Cinema Support“, која всушност e наследник на „Fonds sud cinéma“, а тоа е институцијата со која претходно нашите филмски уметници имаат остварено добра соработка. Од огромно знаење е што македонските филмови „Мајки“ на Милчо Манчевски и „Јас сум од Титов Велес" и „Како убив светец" на Теона Митевска имаат добиено средства токму од овие фондови - рече Канческа-Милевска. Таа истакна дека на средбата се разговарало и за активностите што се преземаат на полето на филмската дејност која е високо позиционирана во агендата на Министерството за култура и на Владата на Република Македонија.

Канческа-Милевска појасни дека во периодот од 2008 до 2013 година преку Филмскиот фонд се завршени 62 проекта, а во моментов се чекаат премиери на 9 нови филмови. Таа информираше и за новините во Законот за филмска дејност, со кој се предвидува основање на агенција за филм, за воведувањето на правото на поврат на средства во износ од 20 проценти од реалните бруто-трошоци направени за квалификуваните услуги за реализација на филмски, односно телевизиски проект во Република Македонија, како и за проектот за изградба на филмски студија кој ќе се реализира со јавно приватно партнерство.

 05_Franc_poseta-640

 Извор: МИнистерсвто за култура на РМ