20 март 2012

 


Лаптоп и таблет компјутерите се повеќе се слични
Како што таблет-компјутерите стануваат се повеќе популарни меѓу корисниците, така се зголемуваат и барањата за поголем број функции, па веќе нема разлика меѓу овие уреди


Малите разлики меѓу лаптоп и таблет ќе станат уште поочигледни кога кон крајот на годината ќе се појави Виндоуз 8 и ќе го донесе својот Метро интерфејс, осмислен за екрани чувствителни на допир, смета Рош Рубин од НПД.

Тој тврди дека целата индустрија загази на туѓа територија. Андроидот го најде својот модус кога се во прашање дуал-бот уредите како што е ВјуСоник Вјупад таблет.

Од друга страна, Виндоуз 8 ќе намами голем број производители во своите понуди да додадат таблет, темелени на мобилни уреди бидејќи оперативниот систем е замислен за мобилни телефони. Кога ќе се објави следната генерација на оперативниот систем Виндоуз, суштината на новините ќе бидат додатоците за десктоп и мобилните платформи. Епл е веќе на овој пат, сметајќи дека додава карактеристики на ИОС во своето најново издание на Mac OS X. 

Чувствителност на допир

Физичката функционалност е следната точка на конвергенција. Ноутбук корисниците сакаат карактеристики кои се достапни на таблет компјутерите, како што се чувствителност на допир, додека корисниците на таблет компјутерите однапред се радуваат на карактеристиките кои обично се достапни кај лаптоп компјутерите.

Рубин наведува дека забележана е голема продажба на Блутут тастатури за таблет компјутери, бидејќи непостоењето на тастатура е одлучувачка карактеристика на повеќето таблет компјутери, кои се достапни на пазарот. Имајќи го предвид фактот дека се зголемуваат содржините за таблет, корисниците бараат поголем број опции за внесување на информации и поголеми екрани.

Кориснички интерфејс

Рубин се осврна и на потребата, производителите да почнат да ги земаат предвид повеќекратните шаблони на употреба, посебно кога се работи за фактот дека Виндоуз 8 ќе опфати кориснички интерфејс кој одлично се согласува со начинот на внесувањето по пат на допир, потенцирајќи дека меѓу корисниците кои бараат нов таблет, големината на екранот и тастатурата се две главни карактеристики врз чиј основ се донесува одлука за купување.

Посебно и поради фактот дека добрата продажба на Киндле Фаер немаше негативно влијание на АјПад, Продажбата на овој уред не се намали по појавувањето на Киндле Фаер, напротив таа има се подобри резултати. Рубин смета дека ултрабук компјутерите се еден вид катализатор во целата оваа состојба, а се осврна и на активностите на компанијата Интел во овој сектор. Интел планира да создаде голем број можности на полето на таблет компјутерите, како и тоа дека ќе ги позиционира утрабук уредите така да се судрат со компјутерскиот свет. вз/11:23