Поздравот од Фејсбук ќе го возбуди светот на технологиите. Внимавајте на „икс-букерите“, вели Мартин Џилс

Економист - Лондон

Во светот на технологиите ќе се појави чувството како да се враќа 1995-та. Тогаш Нетскејп, создателот на веб пребарувачот објави излегување во јавните понуди на пазарот на акции (Initial public offering - ИПО), со што започна модата на флотација и берза која во 2000 пукна како меур. Во 2012, Фејсбук ќе лансира свој ИПО. Поздравот на огромната социјална мрежа која го измисли „задевањето“ („покинг“) како начин да им се каже „здраво“ на пријателите кои се онлајн, ќе постави нов тренд на хаос со излегувањето на млади интернет фирми.

Но, тоа нема да биде само Фејсбук - кој сега има преку 800 милиони корисници - кој ќе ги возбуди инвеститорите. Повеќе кинески веб фирми ќе излезат на пазарот на акции во Кина во 2012. Некои од нив ќе ги следат чекорите па и да да ги надминат оние фирми како Јуку, кинескиот синоним на Јутјуб, и Рентен, социјалната мрежа, кои веќе ги објавија своите акции во САД. Една од компаните која може да побара присуство во САД следната година е Јингдонг мол, онлајт трговска компанија и сајт за секојдневни бизнис зделки, која е позната и како 360буѕ.цом

Се разбира, ситуацијата со пазарот на ИПО воглавно ќе зависи од здравјето на финансиските пазари. Зголемената жетва на интернет ИПО-а во 2011, изгледа дека баш порасна, и пред летото заедничките фондови на приватните фирми кои откупуваат акции и други инвеститори, покажаа голем апетит заради сочните приходи кои ги остварија од успесите на веб компаниите. Но само неколку големи веб фирми меѓу кои е и социјалната мрежа за професионалци Линкдин, и Пандора, интернет радио компанијата, успеаја да излезат на пазарот на акции додека превирањата во светската економиија ги потопи другите појавувања на пазарот. Збрката околу работата на неколку кинески веб компании кои беа ставени под лупа на берзите во Америка, исто така ја намали довербата за нивните акции.

Една од причините која го намали притисокот на тек-фирмите до ниво да се претворат во ИПО, беше растот на секундарните пазари на акции на приватните компании, како што се Фејсбук и Твитер, сервисот за микроблогирање. Тие им дозволија на вработените да ги продаваат своите акции на богати инвеститори без претходно нивните работодавачи да дадат јавна понуда за нив. Проблемот со таквите трговии е што тие можат да ја пореметат вредноста на тие фирми, затоа што купувачите често немаат целосна слика за финансиската состојба на компанијата. Уште повеќе, многу инвеститори во технологии и веб претприемачи веруваат дека тие ќе можат да добијат најдобра цена за нивните акции од јавната понуда, повеќе отколку од приватни зделки.

Има други причини зошто Фејсбук ќе излезе јавно на пазарот на акции во 2012. Едната е дека приватната трговија со акции на фирмата ги надмина бројот на акционерите до точка кога за да биде во сооднос на американските закони, Фејсбук ќе мора да објави јавни детални податоци за своите финансиски перформанси. Другата е што соочени со растечката конкуренција од фирми како Гугл, која стартуваше со сличен сервис наречен Гугл+, Фејсбук самиот ќе побара излегување на пазарот на акции пред ривалите да ги стигнат на сцената на социјалните мрежи.

Повикот на кешот

Фејсбук можеби ќе посака да го надмине рекордот на Гугл, кој си замина со 1,7 милијарди долари кога се појави на пазарите во 2004, во транскации кои денес го вреднуваат џинот во пребарувањата на повеќе од 23 милијарди долари. Како и во обезбедување на купишта кеш во инвестирање во Фејсбук, и за ИПО-ата кои ја создаваат новата доба ќе има големи последици. Тоа на инвеститорите ќе им даде дури и уште поголем апетит за акциите на веб компаниите кои прават апликации за социјалните мрежи. Тоа ќе окуражи повеќе фирми-почетници да стремат кон ИПО (иако продажбите на корпоративни купувачи ќе останат најпопуларнот начин за да ги предизвикаат капиалистите да си ги повратат парите). Сето тоа ќе ја зголеми вредноста на другите фирми за социјално врмежување, но и ќе распали дебата околу тоа дали манијата по сајтовите за социјално вмрежување ќе надуваат уште еден голем интернет меур.

Излегувањето на Фејсбук на пазарот исто така ќе окуражи повеќе инвестиции кај фирмите-почетници. По ИПО-то на Гугл, некои од вработените таму излегоа од фирмата со огромни суми пари откако ги продадоа своите акции. Голем број од овие „ексгуглери“, како што се познати поранешните работници таму, вложија дел од нивното богатство кај нови фирми-почетници. По 2012, богатите поранешни работени во Фејсбук - „да ги наречеме „ексбукери“ - ќе имаат можност да го сторат истото. Тие треба да го искористат максимумот. ат/10:00