Во православниот манастир Св. Јован Претеча на реката Јордан, недалеку од местото на крштевањето на Господ наш, Исус Христос, насилно влегле тринаесет евреи - екстремисти и ја оскверниле светата обител, соопштува BriefingNews. Притоа се уништени повеќе икони и крстови, соборен крстот на куполата, разурната оградата на манастирот, и изгорени се националните знамиња на Грција, кои по традиција стојат во манастирите на Ерусалимската Патријаршија. Меѓу уништените икони, имало и многу руски, од крајот XIX и почетокот на XX век. На 13-ти декември на  местото на злосторството пристигнале Ерусалимскиот патријарх Теофил, Капитолијатскиот Митрополит Исихиј и конзулот на Грција во Израел. Сторителите се веќе приведени од страна на полицијата.2_7.jpg
Игуменот на манастирот, отец Герасим, се чуди како екстремистите успеале да влезат во манастирот: "Местото е многу добро чувано, има метална ограда, вклучувајќи ги и оние од рударските полиња наоколу.

Манастирот "Свети Јован Претеча" во последниве години често беше спомнуван во вестите: до неодамна пристапот до него беше забранет од страна на властите, дури и за членовите на  монашка заедница на Христовиот Гроб, на кои им беше дозволен пристап само еднаш во годината - на Водици. Неодамна властите дозволија слободен влез во оваа обител и тоа од утринските часови до попладне, овозможувајќи им на илјадници верници од целиот свет да го посетат местото каде што е крстен Спасителот. Но постои уште еден конфликт. Имено игуменот на  обителта, отец Герасим, одби да воведе влезни билети за манастирот. Според него, тоа е недозволиво, бидејќи манастирот е место за поклонение, а не музеј.

Овој случај не е единствената манифестација на агресија против грчките православни манастири во регионот. Неодамна беше извршено физичко насилство врз игуменот на манастирот кај "Јакововиот бунар" во Самарија и тој моментално се лекува во болница. Во 1979 година таму најде маченичка смрт и игуменот, отец Филумен, кој по бројните сведоштва за чудотворство, нераспадливост и благоухание, во 2009 година беше канонизиран од страна на Ерусалимската патријаршија.
 Извор: Двери

 

Преземено од: Бигорски манастир