Интересен е податокот дека милиони во светот не сонуваат да имаат пари и позиција туку сонуваат да бидат славни фаци прогонувани од фоторепортери. За жал, многумина од овие “сонувачи” завршуваат во задушлива канцеларија зад аголот. Но, фантазијата не престанува, тие и понатаму сакаат да бидат предводници, некој што разгорува пламен во туѓите очи, чувство дека конверзацијата запрела кога тие влегуваат во собата.

“Да се биде посакуван, другите да сакаат да знаат што правите во овој момент, да зјапаат во вас на улица, тоа многу луѓе го сакаат. Но, најинтересно е кога тоа ќе се случи најголем дел од истите луѓе сакат приватност. Тоа е навистина иронично.”-вели Кајсар Рида кој е дел од популарното шоу на CBS reality наречено “Big Brother”. Многу време психологијата ја игнорираше славата како мотивација на одредени човечки однесувања: тоа беше само плиток мотив кој не треба да се сфаќа сериозно – велат психијатарите. Но, денес мотивот на славата почнува да се истражува и таа се става на едно високо место помеѓу разните цели што си ги поставува човекот. Се мерат психолошките ефекти на славата со кои се карактеризираат оние што се посветени на таа цел.

Луѓето со прекумерна желба да бидат славни се разликуваат од оние кои се стремат да бидат богати и влијателни. Обично оние кои сакаат слава имаат вкоренета желба да бидат социјално прифатени од другите и до нив да добијат некоја потврда на сопствените квалитети. Овие копнежи можат да станат акутни во подоцнежните години од животот кога можностите постепено исчезнуваат, “но, мотивот никогаш не умира, па кога ќе сфатиме дека нема да постигнеме слава во овој живот, се вртиме кон постхумна реализација, односно оставање нешто зад себе” – вели Орвил Гилберт Брим, психолог кој ја напиша книгата “The Fame Motive”. “Целиот живот тогаш станува напнат, па овие луѓе почнуваат да се опседнуваат со смртта, како што некогаш било во Средниот Век, кога луѓето едвај чекале да умрат за да го започнат задгробниот живот”- вели доктор Брим: “Ете колку е силен овој мотив, и не смее да се занемарува!”

Овој феномен не е карактеристичен само за западното општество, мотивот на славата е присутен и во најизолираните и најзафрлените села насекаде во светот. Таков е примерот во едно индиско село каде што вдовиците се здобивале со слава доколку останеле чисти и достоинствени. Се забележувале индивидуи кои толку го истакнувале тој факт што изјавувале дека не јадат месо, не јадат јајца, не јадат риба, па дури и не го пречекоруваат прагот на луѓето што јадат вакви продукти.

Во медиумски богатите урбани центри, луѓето се поттикнати од славните фаци. Истражувањето покажало дека 30% од возрасните редовно сонуваат за денот кога ќе станат славни фаци, додека 40% ги чекаат своите “15 минути”, како што рече познатиот артист Енди Ворхол. Но, само двајца од 100 сонувачи чекорат кон остварување на овој мотив, тоа е навистина мал процент, вели доктор Брим.

Терапевтите и истражувачите, вклучувајќи го и доктор Брим, го детектираа јадрото на проблемот, а тоа одбивањето или запоставувањето на децата додека се мали. Запоставувањето најчесто се случува заради физички или емоционално отсутни родители.

Ова е најдобро објаснето во мемоарите на Сју Ериксон Блоланд каде што го опишува животот на својот славен татко, психоаналитичарот Ерик Ериксон: “Тој имаше таква харизма што ги правеше луѓето околу себе гладни да го запознаат, буквално сите ги интересираше што размислува тој во однос на нешто, што чувствува и на што работи во моментот. Но, тој никогаш не го запознал својот биолошки татко кој исчезнал пред татко ми да се роди. Тој целиот живот бара сигурност и насоки од другите луѓе. Неговата самокритичност никогаш не била претерана скромност, како што мислеа другите луѓе, тој навистина многу сериозно се сомневаше во себе, во својот талент и буквално се измачуваше себе си.”- вели Сју Ериксон за својот познат татко.

Извор: Идивиди

 

Посети:{moshits}