Еден телевизиски канал на кој со своја програма ќе бидат застапени Македонската православна црква-ОА, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница. Ваков проект подолго време се подготвува меѓу верските работници на петте верски заедници застапени во Уставот на државата. Нивната иницијатива е ставена и на хартија, но досега, како што велат од верските заедници, никој не се осудил конечно да почне реализација на проектот. Идејата е, покрај секојдневните богослужби и емисии за верска едукација, на ТВ-програмата да се прикажуваат и филмови со верска и со историска содржина.

Сепак, главното барање за поделба на програмската шема потекнува од МПЦ-ОА, чии челници сметаат дека емитувањето на програмата на ТВ-каналот треба да биде поделено според големината на одредената верска заедница. Тоа значи дека емисии со православна црковна содржина треба да бидат застапени со најдолга минутажа од предвидената програмска шема.

 

Извор.Нова Македонија