10 групи кои се залагаат за општото добро на граѓаните повикаа да се отвори истрага за Фејсбук по обвинувањата дека компанијата ги следи корисниците и кога се исклучени.

Во писмото до Федералната трговска комисија, Центарот за заштита на приватноста на Интернет (ЕПИК) и уште девет други групи бараат истрага за да се открие дали новите апликации Тикер и Тајмлајн на Фејсбук претставуваат опасност за приватноста на корисниците бидејќи содржат премногу биографски информации кои се лесно достапни.
"Фејсбук ја следи активноста на Интернет на корисниците дури и откако тие ќе се исклучат од Фејсбук", стои во писмото.
"Фејсбук врши следење на корисниците и по исклучувањето веќе една година и направи само делумни измени откако беше остро критикуван, што значи дека не покажува спремност да ја почитува приватноста на корисниците без надворешен притисок".
Што се однесува до новите апликации на Фејсбук, ЕПИК вели дека "со ваквите измени во бизнис праксата, компанијата има уште поголема слобода им да открива лични податоци за корисниците на своите бизнис партнери во споредба со претходно".
"Опциите што им ги нудат на корисниците за си да ја заштитат приватноста се нејасни, непрактични и нефер", стои во посмото.
Двајца истакнати парламентарци исто така побараа истрага во Фејсбук за наводно нарушување на приватноста. ВАШИНГТОН (ДПА)

http://www.vest.com.mk/?ItemID=0F26DE37BD9AD6419F59DA81FC264738