За ТОП-20 ќе се гласа на веб-страниците: najdobrotoodmakedonija.mk или на thebestofmacedonia.mk, или пак со бесплатни СМС-пораки од сите мобилни оператори на бројот 144 400


Најдоброто од Македонија или The best of Macedonia е насловот на компилацијата од најслушаните 20 забавни мелодии, 20 народни песни и 20 детски хитчиња во изминативе 20 години. Овој музички проект ќе го реализира Агенцијата за млади и спорт-АМС во рамките на јубилејна прослава на 20-годишнината од независноста на Македонија, а промоцијата е закажана за 8-ми септември кога на плоштадот Македонија ќе биде одржан голем концерт. Тогаш сите присутни ќе добијат по еден бесплатен примерок.
Директорот на АМС Диме Спасов, на промоцијата истакна дека овој музички проект ќе придонесе македонската современа музика која се создаваше во изминативе две децении да се собере во компилација од три носачи на звук.
- Најголемите хитови ќе ги избираат граѓаните преку гласање на веб-страницата, или пак да гласаат со бесплатни СМС-пораки од сите мобилни оператори на бројот 144 400. На веб-страниците, граѓаните ќе можат да ги слушнат и да гласаат за една од понудените 100 забавни, 100 народни или 100 детски песни. Она што е многу важно, а го водедовме заради поголема транспарентност е тоа што сите оние чиј фаворит го нема на листата можат самите да го предложат и доколу има доволно гласови да се најде на еден од носачите на звук. Гласањето ќе се затвори на 20 август, појасни Спасов.

Dime.press.jpg
Во периодот до Денот на независноста ќе се реализираат административните процедури за откуп на авторските права, а потоа ќе се снимаат песните.
- Ги повикувам граѓаните да гласаат за песните кои никогаш нема да бидат заборавени и засекогаш ќе останат дел од една историска белешка, на крајот рече Спасов.
Еден од медиумските покровители на проектот е весникот Вечер, кој секогаш ги поддржува проектите кои се грижат за зачувување на традиционалните вредности, во овој случај од областа на музиката.

 

 

 Друго:

http://www.ams.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=442%3A2011-08-05-06-32-18&Itemid=1