Вол Стрит Џурнал - Њујорк

1 август 2011

Родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца на Фејсбук, но повеќето производи и услуги кои сум ги видел за да помагаат при користење на социјалната мрежа се нападни и ги вовлекуваат родителите во детските нормални, здрави социјални животи на начин кој е чуден и за двете страни.

Можете да управувате со „акаунтот“ на вашите деца или да бидете нивни „френд“ на мрежата, каде минималната возраст за користење е 13 години. Но, тоа е трошење време и срамна пракси, посебно кога вашите деца се тинејџери, кои воглавно посакуваат некој степен на приватност, иако на социјалната мрежа не добиваат целосен третман како и возрасните.

Затоа ја тестирав услугата наречен Зоун Аларм Соушал Гард, за која сметам дека  овозможува добар баланс меѓу безбедноста и приватноста, меѓу мирната совест кај родителите и чувството на слобода кај тинејџерите. Секои пет минути оваа услуга ги следи акаунтите на децата на Фејсбук од пристапи на потенцијални предатори и непознати, кибер-насилници, лажно претставени лица по возраст, хакери на акаунти, на врски до непристојни или опасни веб страни. Овој софтвер користи алгоритми кои пребаруваат по извесен вид на јазик, податоци на профили или други траги кои отркиваат дали се случува некаква недозволена активност.

Покрај тоа, „социјалниот заштитник“ го прави ова на начин кој е невидлив за пријателите на децата, и не бара од родителите постојано да бидат на штрек или пак постојано да бидат на Фејсбук. Ако усугата воопшто пронајде некаков можен проблем, испраќа и-мејл до родителот, до детето или до двајцата. Сето ова се случува надвор од самиот Фејсбук. Услугата не им дава на родителите можност директно да читаат или да оставаат коментари  на Фејсбук „ѕидот“ на детето.

Зоун Аларм Соушал Гард доаѓа од „Чек Поинт Софтвер“, искусна фирма за безбедност. Услугата чини 2 долари месечно или 20 долари годишно, но постои и седумдневен период за тестирање (компанијата исто така по случаен избор прави свој 30-дневен тест период). Се користи слободен компјутерски програм поврзан со системот за следење, и може да се симне од http://bit.ly/hgo0C5. Новата верзија која ќе се појави во август, ќе има неколку нови можности, вклучувајќи и алатка која ќе испорачува Соушал Гард предупредување кога употребувате Интернет експлорер или Фајарфокс.

Пред да почнам да објаснувам како ова функционира, дозволете неколку упатства за самиот Соушал Гард.

Прво, програмата (и алатките) работат само на „Виндоус“ за персонални компјутери. Не постои верзија за „Мек“, за веб браузери, за смартфони или за таблети - и засега нема информации за такви верзии. Сепак, оваа програма може да ги следи акаунтите на Фејсбук на кои пристапуваат вашите деца преку „Мек“ или мобилните направи, или пак преку поинакви „Виндоуси“.

Со други зборови, софтверот кој го употребувате за следење не мора да биде инсталиран на истата направа која ја користат децата за пристап на Фејсбук.

Второ, постојат и некои дупки во нивното следење. Додека ги следи активностите како пораки, профили и постови на ѕидовите на акаунтите на Фејсбук, програмот не ги следи четовите на Фејсбук, ниту пак местата и настаните, или пак фотографиите, иако изгледа дека ги следи текстовите кои се прикачени на фотографиите и луѓето кои ги ставаат овие тагови на фотографиите. Па така, ако вашата ќерка постира слики за кои сметате дека се несоодветни, Соушал Гард ќе ви испрати предупредување.

Исто така, Соушал Гард не може да го заштити вашето дете ако тој или таа успее да намести втора тајна лозинка на акаунтот на Фејсбук, за кој вие и сервисот не знаат.

За крај, како и сите безбедносни програми ова не е „сребрениот куршум“ дури и во областите кои истиот ги покрива. Вие сепак ќе треба да го вклучите родителството, меѓу кое се и разговорите со вашето дете. Детето треба да биде  свесно дека Соушал Гард ги следи неговите или нејзините акаунти, затоа што за да го активирате овој систем, ќе морате да ги користите нивните детали за влегување на Фејсбук. Всушност, компанијата го истакнува ова со забелешка дека ако, на пример, добиете имејл заради јазикот на постовите кој индицира на сајбер-насилие, вие треба за ова да разговарате со вашето дете.

Сепак, во мојот тест Соушал Гард го направи она што го ветува и верувам дека може да биде од вистинска корист за родителите и нивните деца, за тие да бидат навремено предупредени за потенцијалните проблеми.

Соушал Гард може истовремено да покрие до пет Фејсбук акаунти, а секој акаунт посебно може сам за себе да има посебни нагодувања, па така и ќе се набљудува, и може без разлика дали само родителот или и родителот и детето да добиваат и-мејлови кога ќе се појават сомнителни обиди. На пример, не треба да се грижите за постарите тинејџери заради содржните класифицирани од програмата како „сексуално образование“, но за помладите треба.

Во тестот пристапив кон мојот вистински Фејсбук акаунт, лажниот акаунт кој го отворив, и неколку тест акаунти за измислени деца на различни возрасти кои компанијата ги отворила, сето ова заедно заради обиди кои предизвикаа испраќање имејлови до мене.

Според алгоритмите на компанијата, кога се обидов преку мојот лажен акаунт да станам пријател со едно од тестираните деца, бев означен како „потенцијален незнајник“ бидејќи не бев поврзан со детето или со некој од неговите пријатели.

Во друг пример бев предупреден за пријател на едно од тестираните деца кое се претстави дека има 14 години, но кое исто така во профилот на Фејсбук објавил дека матурирал во 1972 година.

Во други случаи, во предупредувањето кое стигна по и-мејл во мојот „инбокс“,се појавија или јазикот или линковите. Кога едно дете на друго му испраќа линк за потенцијално непристојна веб страна, бев предупреден. Кога измислен пријател постираше порака на друг на ѕидот од мојите измислени деца, кое содржеше пцуење кое воиобичаено се користи од насилнинците, тоа беше обележано како можно сајбер насилие.

Очигледно, не сите од овие случаи можат да бидат причина за загриженост. Вистинските пријатели понекогаш користат лош јазик во ситуации кои не се насилни. Понекогаш веб страните кои Соушал Гард ги препознава како злобни или непристоји, испраќачот не ги препознава. Постара тетка, која не е во социјалниот круг на детето, можеби ќе сака да стане пријателка со него. А секое семејство има различни нивоа на толеранција. Затоа е потребен разговор. Соушал Гард само предупредува. Не ги стопира овие активности.

Не сум толку уверен во корисноста на алатките кои допрва треба да се појават, кои исто така беа предмет на тестирање. Управувани воглавно од друга компанија, тие нудат различни можности како што е пребарување на инбоксот од машината за пребарување Бинг, и линк до интернет прдавници за игри и други услуги, кои не беа во корелација со мисијата на Соушал Гард, и за кои сметам дека се здодевни и несоодветни со целта на безбедносната услуга.

Но севкупно, ако сте родител со ограничено време и кој се грижи за безбедноста на своето дете на Фејсбук, а кој истовремено сака и да му дозволи малку прватност, Соушал Гард вреди да се проба. ат/