АНАЛИЗА НА ТЕРИТОРИИТЕ:
ПЕРСПЕКТИВИ ПЕЛАГОНИЈА/PAYS DE LA BAIE DU MONT ST MICHEL
КУЛТУРАТА, ВЕКТОР НА РАЗВОЈ

Каен, Земјата на заливот Сет Мишел
27 јуни/1 јули 2011

Почитувани,
Во периодот помеѓу 27 јуни и 01 јули како дел од активностите за 2011 година на проектната целина за Културна политика и културна размена од Проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, ќе се реализира работна посета на Каен и  неколку града од Земјата на заливот Сет Мишел.

За време на оваа работна посета во регионот Долна Нормандија ќе се реализираат различни средби, дискусии и состаноци помеѓу различни културни актери и претставници на локални и регионални власти од Македонија (Пелагониски регион) и Долна Нормандија (Земјата на заливот Сет Мишел). На покана на Локомотива во рамките на проектот, како дел од осум члена-та работна група која ќе ја реализира оваа работна посета, покрај Биљана Тануровска-Ќулавковски и Виолета Качакова, ќе земат учество и: Кристина Кујунџиќ – соработник, експерт по културни политики од Белград, Василчо Дамчески – градоначалник на Крушево, Никола Пејчиноски – советник за култура во општина Крушево, Рубин Николоски – претставник на Центарот за регионален развој на Пелагонискиот плански регион, одговорен за координација на активностите од проектот за децентрализирана соработка во рамките на регионот, Ирена Андреевска – директорка на НВО Арт Поинт Гумно од Демир Хисар и Даниела Колеска – преведувачка.

Групата на македонски претставници ќе посети различни културни и природни локалитети од Земјата на заливот Сет Мишел и преку нив ќе се запознае со нејзините географските специфики, историја, културата и територијален идентитет. Посетата ќе ги опфати следниве градови: Авранш (главниот град на Земјата на заливот Сет Мишел), Мортен, заливот Сент Мишел, Сент Жамс и др. Исто така ќе се посетат некои од културните институции од оваа територија и ќе се претстави начинот на нивна работа, меѓу нив може да ги споменеме: Скрипториумот на Авранш, Relais Culturel на заедницата на локални самоуправи – Дусе, Екомузејот на градот Венс, ODIA (Канцеларија за дифузија на уметнички информации) итн. Средбите и состаноците со претставниците на секторот за култура и други јавни сектори поврзани со овој сектор од Земјата на заливот Сет Мишел ќе обезбедат информации за културата и нејзиниот третман и организација во рамките на оваа територија.

Покрај запознавањето со  територијалниот и културен контекст на Земјата на заливот Сент Мишел на отворена дискусија што ќе биде организирани во Екомузејот на градот Венс, на 29 јуни, групата на македонски претставници ќе го презентира моделот на работа утврден во Пелагонискиот регион, како и различните фази и резултатите од утврдениот процес на работа за креирање и спроведување на “Регионална стратегија за културен развој на Пелагонискиот регион“. Главната цел на овие презентации и размена на информации е вклучувањето на Земјата на заливот Сет Мишел, како партнер на проектот во Долна Нормандија, по примерот на Пелагонискиот регион во Македонија согласно нејзиниот контекст и културни специфики. Истиот ден, посебенa агенда е изработена за Градоначалникот на Крушево и Советникот за култура во општина Крушево, кои ќе имаат официјална посета на заедницата на локални самоуправи - Сент Жамс. Оваа посета е првична средба меѓу Градоначалникот на Крушево и Претседателот на заедницата на локални самоуправи - Сент Жамс, на која ќе се разговара за различни области од јавен карактер кои се важни за развојот на двете територии со цел да се пронајдат основните домени на заеднички интерес во кои може да воспостават соработка, како идни потенцијални побратимени територии.

На 30 јуни групата на македонски претставници ќе присуствува на целодневната регионалната конференција, наловена: Кон нова економија на уметноста и културата? Конференцијата ќе се организира во Каен од страна на Регионалниот совет на Долна Нормандија.

* * *
ПРОЕКТ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ДН/МК
ПРОЕКТНА ЦЕЛИНА: КУЛТУРНА ПОЛИТИКА И КУЛТУРНА РАЗМЕНА

Лидери на проектната целина:
ЛОКОМОТИВА - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
CRéCET - Регионален центар за етнологија и етнографска техника

Проектот е поддржан од страна на Регионот Долна Нормандија, Француското Министерство за надворешни работи и Асоцијацијата на агенции за локална демократија.

Партнер во реализација на проектните активности од Македонија: Центарот за регионален развој на Пелагонискиот плански регион.

* * *

Со почит,
Биљана Тануровска-Ќулавковски и Виолета Качакова