9 јуни 2011

Гардијан - Лондон

Социјалната мрежа овозможува нова опција за автоматска идентификација на луѓето од фотографиите, со што се отвара прашањето за импликации врз приватноста на овој сервис.

Фејсбук е под жесток оган заради тивкото пуштање во промет на можноста на технологијата автоматски да идентификува луѓе на фотографии, со што повторно се покренува загриженоста заради нивната пракса за приватност.

Опцијата која оваа огромна социјална мрежа автоматски ја овозможува за нивните повеќе од 500 милиони корисници, е проширена од САД кон нивните „нај држави“, стои на официјалниот блог на Фејсбук.

Марк Ротенберг, претседател на непрофитабилната приватна адвокатска група Електронски информативен центар за приватност, вели дека системот отвара прашања за тоа кои персонално идентификувачки информации, како што се и-мејл адресите, ќе станат приспоени со фотографиите од дата базата на Фејсбук.

Тој исто така ја критикуваше одлуката на Фејсбук автоматски да ја овозможува технологијата за препознавање на лица за своите корисници.

- Не сум сигурен дека тоа е подесување кое луѓето ќе сакаат да го изберат. Подобра опција ќе беше луѓето сами да одберат дали ќе ја користат или не, рече тој.

Консултантската интернет организација Софос забележува дека многу корисници на Фејсбук забележале дека опцијата за препознавање на лица во минативе неколку дена е вклучена без тие да забележат.

- И повторно, мислам дека Фејсбук незабележливо ја злоупотребува онлајн приватноста на нивните корисници, коментира Греам Клајли, главен консултант за технологии во Софос.

Опцијата „Tag Sugestions“ користи технологија за препознавање на лица за да го забрза процесот на одбележување на пријатели и ситуации од фотографиите поставени на сајтот.

Фејсбук постојано е критикуван заради менување на подесувањата кои допираат во приватноста и идентитетот во корист на создавање повеќе јавни податоци на начин што значи дека нивните корисници можат да ја ислучат, повеќе отколку да ја вклучат.

Фејсбук, кој уште во декември најави дека планира да воведе услуга за препознавање на лица во САД, призна дека оваа услуга сега е дозволива и во други држави.

Фејсбук во и-мејл изјава до корисниците кажа и дека „требаше да бидеме појасни за луѓето за време на процесот на имплементирање, кога оваа опција стана достапна за нив“.

Изјавата забележува дека сугестиите за „тагирање“ (обележување) на фотографиите е возможна само кога се додаваат нови фотографии на Фејсбук, дека се предлагаат само постоечки пријатели од листата и дека корисниците можат да ја исклучат опцијата во подесувањата за приватност.

Додека другите фото софтвери и онлајн сервиси - како што се Пикаса на Гугл и АјФото на Епл - користат технологии за препознавање на лица, неговата улога на социјална мрежа како Фејсбук може да предизвика бурни прашања околу приватноста.

Гугл отстапи од широка имплементација на нивниот Гоглс сервис, кој требаше да се обиде да идентификува луѓе врз база на препознавање на лица преку мобилни телефони кои работат со Андроид оперативен систем. Наместо тоа, сега ја употребува оваа технологија само за преведување текстови и идентификување на објекти. Ерик Шмид, претседател на Гугл, на почетокот на јуни рече дека е загрижен заради неговата употреба со луѓе.

- Имаме на располагање релевантна технологија за препознавање на лица. Но не ја имплементиравме на Гугл Гоглс, бидејќи сакаме да ги почитуваме импликациите на приватноста, и како оваа опција може со одговорност да се постави, рече Шмид, кој нагласи дека е „лично многу загрижен во врска со соединувањето на мобилното следење и препознавањето на лица“.

Ротенберг забележува дека софтверот АјФото на Ејпл им дава на корисниците контрола врз технологијата за препознавање на лица, дозволувајќи им да изберат дали ќе ја користат или не со нивната лична колекција на фотографии.

Наспроти ова, технологијата на Фејсбук работи независно, анализрајќи ги лицата низ широкиот спектар на нови прикачени фотографии.

Минатата година Информативниот центар за електронска приватност поднесе жалба до Федералната комисија за трговија на САД заради праксата на Фејсбук во врска со приватноста, на чија пресуда Ротенберг вели дека се уште се чека.

Тој најави дека планира одблиску да ја погледне новата најава на Фејсбук за технологијата за препознавање на лица. ат/гт/12:00-МИА