Њујорк тајмс - Њујорк

10 мај 2011

Одеднаш, околу мене почна да се случува бејби-бум. Правам неделен шопинг за да обезбедам подароци за повојница кај пријателите, и избезумена сум колку има многу знаци на полиците кои рекламираат шипиња без БПА, и чаши без БПА. Тоа ме разнежнува. Прозведителите можеби ја отстраниле БПА - хемикалијата која се употребува за затврднување на некои пластики - од нивните производи, но ги заменуваат со хемикалии кои се можеби исто така опасни, ако не и уште поопасни.

„Без БПА“ е можеби чекор во вистински правец. БПА или Бисфенол А, е синтетички естроген кој ги попречува нормалните ендокрини функции. Има повеќе студии во кои преку истражувања врз животните покажуваат дека кај животните за време на феталниот раст овие хемикалии влијаат врз развојот на репродуктивниот систем и, кај младенчињата може да доведе до неуролошки проблеми. БПА исто така се поврзува со рак на дојката и на простатата.

БПА е пронајден на парите, најверојатно таму се пренел преку кредитните картички и изводите од АТМ (автоматите за кеш) од термална хартија која содржи БПА, но го има и во забните пломби, во лимените конзерви за храна и во многу други нешта.

Бидејќи федералната влада не презема никакви чекори за забрана или дури и ораничување на БПА, некои држави ја преземаа иницијативата во свои раце. Во Мејн штотуку е одобрена забраната на БПА во кутиите за повеќекратна употреба на храна и пијалоци, која ќе стапи на сила следната година; во Орегон се разгледува воведување на забрана за бебешките пластични чаши и шишиња.

По очигледното препознавање за опасноста од страна на родителите, некои произведувачи сопреа со употребата на БПА. Ќе си помислте дека со ова ќе се подобри грижата од овие проблеми на пазарот, нели?

Е не е така. Земете ја предвид термалната хартија која излегува од касите во самопослугите. БПА минува низ кожата во телото кај секој кој работи на касите, како и кај муштериите. „Еплтон“, компанија специјализирана за хартија, произведува хартија која нема БПА и наместо тоа содржи Бисфенол С. Агенцијата за заштита на околината има програма која ја вреднува БПС и 17 други можни состојки во термалната хартија, но сеуште не ги комплетирале нивните анализи. До тогаш, нема да се предлагаат никакви алтернативи.

Во неколку ограничени тестови водени надвор од САД, БПС покажува естрогенска активност - не толку силна како БПА, но ниту пак со добри резултати. Сега БПС во САД се употребува за производство на ПЕС (полиетерсулфон) пластика. Некои шишиња за бебиња кои се рекламираат декла немаат БПА, направени се од ПЕС пластика.

Бисфенолите се докажани дека се штетна фамилија во хемикалиите. БПАФ е близнак на БПА кој одржи флуор. Се употребува во електронските направи, оптичките влакна и друго. Некои нови студии покажаа дека БПАФ е посилен пореметувач на ендокриниот систем отколку БПА. Бисфенол Б и Бисфенол Ф се други варијанти кои се употребуваат наместо БПА во различни производи. Во некои ограничени тестови вршени врз овие хемикалии во други држави, научниците открија дека Бисфенол Б е посилен од БПА во стимулацијата на ќелиите на ракот на дојката.

Слична драма се одигрува во врска со ПБДЕ, фамилија на огненоотпорни хемикалии кои се поврзуваат со сериозни здравствени проблеми, како што се хормонални проблеми, ненормален развој на мозокот и проблеми во врска со стерилитетот. ПБДЕ испаруваат од кутиите со електроника или од перничињата исполнети со вештачка пена. (Не ли е мала иронијата што сме загрижени за тоа што гледаат нашите деца на комјутерите, наместо да сме за отровните материи кои излегуваат од нивните електронски уреди). Под интезивен притисок, произведувачите почнаа да го заменуваат ПБДЕ со нови, сеуште нетестирани хемикалии, чии ефекти врз луѓето не се познати.

Проблемот е што нашиот регулаторен систем им дозволува на производителите да воведуваат или да продолжуваат да употребуваат хемикалии кои не се адекватно тестирани заради безбедност. Произведувачите можат да го заменат БПА со друг нетестиран материјал и да го употребуваат неколку години пред тоа исто така да стане предмет на предупредување за здравјето или пак ќе го предизвикаат вниманието на медиумите. Пред да дознаеме што ни прават овие нови хемикалии, загрозени се цели генерации. Ние сме како лабораториски глувци.

Системот е расипан. Мораме да работиме поинаку: прво да тестираме. И мораме да дозволиме на пазарот да излегуваат хемикалии кои се докажано безбедни.

Да се вратиме на нашите сакани бебиња, кој вшмукуваат и дење и ноќе од нивните шишиња без БПА. Родителите на новороденчињата немаат време дури и да се истушираат, а уште помалку да водат бескрајни и бесплодни телефонски јавувања за да истражат за хемиските компоненти во чашите на нивните деца. Можеме да направиме нешто добро и важно за новите родители - откако ќе им купиме стаклени шишиња.

Можеме да се налутиме и да побараме акција. Сенаторот Френк Лутенберг од Њу Џерси, неодамна најави амандман за менување на нашата главната хемиска безбедност, Актот за контрола на отровни суспстанции, со тоа што хемиските компании ќе мораат да им докажат на ЕПА дека нивните производи се безбедни - пред да им бидат продадени на потрошувачите. Мораме да дигнеме галама како бебиња за Конгресот да обрне внимание на предлогот на сенаторот Лутенберг, и уште повеќе, за поголема контрола на хемикалиите.

Менувањето на шишињата без БПА, гумените прстени за гризење и пластичните чаши за други чија опасност е непозната, не ги држи нашите деца подалеку од опасноста. Може да се направи само едно нешто: добро, старомодно менување на регулаторната реформа. Сето ова распалено од огнената страст кај сте нас, од родителската љубов.

Од блогот на Доминик Браунинг, Мајчинските чисти воени сили, која е авторка на „Бавна љубов: како ја загубив работата, си облеков пижами и ја пронајдов среќата“. ат/

http://www.mia.com.mk/default.aspx?lId=1