Анкета меѓу британските студенти


Тесла пред Ајнштанј ,Њутн, Гејтс...


Доколку ја изземеме можната пристрасност на англиските студенти кон рангирањето на домашните изумители, како Брунел и Дајсон, местото на Тесла е извонредно, бидејќи е ставен пред сите други светски ведети на науката и иновациите


Никола Тесла, чии пронајдоци придонесоа за огромен напредок на светот, се најде на четвртото место на "инженерите херои" во избор на 900 британски студенти, идни инженери, кои учествуваа во анкетата на позната фирма "Џенерал илектрик". На ранг-листата Тесла се најде пред личностите како што се: Бил Гејтс, Исак Њутн, Алберт Ајнштајн и Томас Едисон.

Првото место, според студентите, му припаднало на Кингдом Брунел, познатиот архитект, кој во првата половина на 19-тиот век работел на конструирање мостови и железнички мрежи. На второто е Џејмс Дајсон, познат иноватор кој меѓу другото ја патентирал и правосмукалката. Третото место му е дадено на извршниот директор на гигантот "Епл", Стив Џобс кој во моментов е најактуелен во светот поради своите пронајдоци: ајпод, мобилниот телефон "ајфон", таблетот, мини-преносниот компјутер ајпод и многу други.

Доколку ја изземеме можната пристрасност на англидските студенти кон рангирањето на домашните изумители, како Брунел и Дајсон, местото на Тесла е извонредно, бидејќи е ставен пред сите други светски ведети на науката и иновациите.

Извор:http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D4455CF4BACA8E44BBD8D1D5BB9E868D