27 април 2011

(Лос Анџелес тајмс)

Битката против климатските промени се изгуби, а поголемиот дел од јавноста или не верува повеќе во тоа или не и е гајле. Затоа Обама се обидува да ја промени темата за работните места кога зборува за енергетската политика.

„Каде тргна погрешно?“ Наводно, тоа е прашањето кое ја преокупира заедницата на еколозите додека сфаќаат дека борбата против климатските промени просто исчезна.

Како што пишува Бред Пламер во Нова Република, се изгледаше одлично во 2008 во врска со убедливиот напор кандидатот Барак Обама да остави добар впечаток и да започне со враќањето на порастот на нивоата на океаните. Демократите го држат Конгресот. И Џон Мекејн и Барак Обама ветија дека ќе истуркаат за намалување на испуштањето јаглендиоксид во атмосферата. Корпорациите ја прифатија оваа решеност. Ал Гор и „Непобитната вистина“ изгледа дека омекнаа во јавноста до точка од која можеа да одат заедно со било што кое популарниот претседател ќе го ветеше.

„Наместо тоа, климатското протуркување стана... целосна утка“, ламентира Пламер.

И се разбира Пламер е во право, иако нецелосно во причините кои ги изнесува.

Климатските прмени се мртви како главна политичка тема во догледна иднина. Не ми верувате? Проверете ги забелешките на Обама во неговото неделно обраќање од минатиот викенд. Се беше посветено на енергетската политика, а ниту со еден збор не ги спомена климатските промени.

Некој ќе забележи дека е тоа чудно, бидејќи без отварање на темата за глобалното затоплување, неговата енергетса политика е наменета само за скоро изгубените до крајно излудените. После се, ако сакате да создадете неизвозни работни места, ослободете ја Америка од странската нафта или постигнете енергетска независност од Блискиот исток, ослободени од секаква грижа заради климатските промени или ослободувањето ЦО2 во атмосферата, ќе ги ослободите огромните американски енергетски резерви од јаглен, гас и нафта. Според Конгресниот истражувачки сервис, кое тешко ќе го проголтаат „големите нафташи“, САД имаат најголеми енергетски ресурси од било која држава, вклучувајќи ги и Саудиска Арабија или Русија.

Но од друга страна тоа не е чудно, бидејќи да им кажувате на гласачите дека треба да плаќаат висока цена на гасот заради неефикасната борба со климатските промени ќе биде чесно, но политички немерливо глупо. Неодамнешните анкети покажуваат дека американците се грижат за економијата повеќе - и тоа многу повеќе - отколку за глобалното затоплување. Скептицизмот за постоењето на проблемот или негово решавање растат и во САД и во Европа. Кога анкетарите на Пју во јануари ги прашаа гласачите кои се нивните најважни приоритети, климатските промени се најдоа на второ место одзади. Само претераната здебеленост е помалку важна. (Не и кажувајте за ова на Мишел Обама).

Дури и авенијата Медисон го забележа ова. Њујорк тајмс известува дека растечкиот број на буџетски свесни потрошувачи не се повеќе заинтересирани да издвојуваат повеќе заради таканаречените „зелени производи“. Како резултат на ова, бројот на нови пријателски-за-Земјата производи рапидно опадна.

Зошто климатските промени го изгубија својот залет? Пламер наведува некои од причините, иако тој ја намалува штетата која зелените ја направија врз својот кредибилитет благодарејќи на имејл скандалот Клајматгејт од 2009, и нашироко ги потценија предвидувањата. На пример, Обединетите Нации превидоа дека до 2010 ќе има 50 милиони „климатски бегалци“. Такви никаде не можат да се најдат.

Затоа не зачудува што Обама постојано инсистира дека префрлањето на далеку поскапи и помалку ефикасни енерегетски извори ќе создадат нови работни места. Не зачудува што тој инсистира дека ако сите се качиме во вагонот на брзата пруга, ќе ја победиме иднината. Не зачудува што се обидува да ја промени темата за сеуште непостоечките станици за гас и за наводно неверојатно високите субвенции за нафтената индустрија.

Тврдењата на Обама се најдобри дубиози. Кинескиот збор за брза пруга е „белиот слон“. Зелените работни места уништуваат повеќе работни места отколку што создаваат, и таму помалку ве плаќаат. Во Шпанија која е омилениот иноватор на чиста енергија за Обама, една студија откри дека за секоја ново создадено работно место се уништуваат 2.2 работни места. Навистина, низ цела Европа масовните инвестици за ветерници и соларна енергија не се исплатија.

Може да се посомневаме дека Обама може повеќе посакува да буши повеќе за нафта и гас само заради политички поени за работните места и економскиот раст. Но откако се сопна на нафтените бушотини на отворено море, потоа падна на истекување на нафтата во Мексиканскиот залив, не може повторно да се преврти без да ја разбесни базата. Затоа наведува колку повеќе бушења постојат денес, иако тоа е резултат на политиките кои веќе течат низ нафтоводите.

Обама и зелените се во деликатна врска. Без економско опоравување, американците нема да ги подржат „инвестициите“ на Обама, но инвестиците на Обама се одложени заради опоравувањето. ат/12:26