11 април 2011

 


Од кога градоначалникот Катсунобу Сакураи, постави видео запис со апел за заборавениот град, на жителите на Минамисоми стигнува помош и поддршка

СЕ започна како очајнички повик за помош искажан во објектив на мала, куќна дигитална камера од страна на градоначалникот на опустошениот и заборавен јапонски град, кој апелот го „постави“ на интернет. Слично како кога се остава порака во шише и се фрла во океан.

Во видео записот долг 11 минути, градоначалникот Катсунобу Сакураи ја опишал состојбата во Минамисоми чии жители го поминуваат животот внатре меѓу ѕидовите дома, по наредбата на јапонската влада да не излегуваат надвор поради радијацијата. Градот кој пред 11 март имаше околу 75.000 жители, сега е „град на духови“. Бидејќи се наоѓа 24 километри од оштетената нуклеарка, градот официјално е внатре во опасната зона која се протега на 30 километри од Фукушима, но и надвор од „зоната на евакуација“ која е 20 километри. Жителите се одлучија да останат, а во првите две недели по земјотресот и цунамито над 50.000 луѓе заминаа, беа на раб на глад.

- Оставени сме и заборавени од сите и јас преку оваа порака ве молам, како градоначалник, да ни помогнете – рече Сакураи во камерата. Претходно Минамисома исчезна и од сите вести, бидејќи телевизиските екипи кои се наоѓаа во градот се одлучија да си одат.

Видео записот се наоѓа на „Ју Тјуб“ од 24 март и до четвртокот имаше над 200.000 луѓе кои го гледале. Телефоните постојано звонат, повеќето повици доаѓаат надвор од Јапонија. Минамисоми почна да прима стотици кутии со прехранбени производи, најчесто од поединци. А потоа почнаа да помагаат и луѓе кои се во официјални служби во Јапонија.

- Просто е неверојатно колку „донатори“ изјавија дека за нашите проблеми слушнале благодарение на интернет и таа порака се покажа како пресвртница во борбата да преживееме – вели градоначалникот Сакураи. После се, градот Минамисома одлучи да се врати во живот. Иако препораката гласи да се остане внатре во домовите, жителите се одлучија да ја игнорираат. Почнаа повторно да се отвараат продавниците и бензинските пумпи. Некаде може да се видат и возила на главните улици. Дури и еден суши ресторан повторно е отворен, иако сопственикот вели дека му доаѓа малку риба и тоа уловена од сосем други брегови.

- Состојбата во градот е поинаква – вели Сакураи. – Дури моравме да додадеме текстуална порака на оригиналниот видео запис, во која ги обавестуваме волонтерите да не доаѓаат бидејќи се уште постои опасност од радијација. А сега ни доаѓаат камиони со храна и гориво, иако некои компании се уште одбиваат да дојдат во самиот град. вз/ссм/9:46

Вечерње новости - Белград

 http://www.mia.com.mk/default.aspx?lId=1