Берлин, 3 март 2011 (МИА) - Германските научници создадоа автомобил што се движи со сила на мислите, пренесуваат германските медиуми.

Компјутерски експерти од лабораторијата АутоНОМОС, на универзитетот во Берлин, користеле комерцијално достапни сензори за мерење на актовноста на мозокот и со нивна помош успеале да издвојат биоелектрични бранови за контрола на командите, како што се „лево“ , „десно“, „забрзај“ или „закочи“.

По ова, тие пронајдоа и начин како сензорите да ги спојат на моторното возило. На тој начин добија автомобил што може да се управува со помош на мислите.

Направени се и тест возења на пистата во Берлин и од таму соопштуваат дека се задоволни од добиените резултати. сд/8:19