Македонскиот портал за информатичка технологија ИТ.ком.мк, кој неколку години успешно работи на популаризација на интернет технологиите и нивна примена во скојдневниот живот, овој пат ги наградува најдобите ИТ проекти, компании  и индивидуалци.
 
Од ИТ.ком.мк велат : “Како медиум за информатичка технологија знаеме дека иновативноста и креативноста се неопходни за оваа индустрија која го менува секој сегмент од нашиот секојдневен живот. Затоа, за да мотивираме и инспирираме, IT.com.mk за прв пат организира  награди за најдобрите , иновативните и креативните умови и проекти од македонската  ИКТ сцена во 2010 година.”
 
Премин Портал, номиниран во категоријата .мк сајт на годината , го прифаќа фактот дека технолошкиот напредок донесе промени во начинот на живот, на навиките, на севкупната комуникација помеѓу луѓето. Нашето стојалиште е дека употребата на информациско-комуникациските технологии се алатка, која ќе ни овозможи брза, навремена, духовна и душеполезна интеракција со посетителите, каде и да се наоѓаат. 
 
Доколку сметате дека Премин Портал ја заслужува вашата поддршка, можете да гласате во категоријата .мк сајт на годината  на  следниот   линк