Во Брегалничката епархија најголем одзив за предметот „Етика на религијата“ во Македонска Каменица

 

Штип, 30 октомври 2010 (МИА) - Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион е задоволен од одзивот на учениците во Штип, кој го избрале предметот „Етика на религија“, а во Македонска Каменица има најголем одзив, односно 99 проценти од учениците го имаат избрано како изборен предмет.

Митрополитот на Брегалничката епархија забележува дека во одредени градови во источна Македонија, предметот од страна на професорите и директорите бил сокриен од родителите и учениците.

- Во многу градови има голем одзив за изучување на предметот „Етика на религија“, но за жал во некои градови тој предмет беше сокриен внатре од самите професори и директори, кој сакаа да се изучува „Историја на религиите“ или „Европска култура“, за да имаат полн фонд на часови, вели г. Иларион.

Според митрополитот на Брегалничката епархија, за тековната учебна година најмал одзив за изучување на предметот „Етика на религијата“ има во општините Виница и Делчево.

Извор МИА

вдј/цр/13:12