ПЕКИНГ, 29 октомври (АП) - Водечки кинески истражувачки центар го направи најбрзиот суперкомпјутер на светот, беше објавено вчера, со што се потврдува подемот на земјата како центар на науката и технологијата.
Машината "Тјенхе-1" која се наоѓа во Националниот центар за суперсметање во северниот пристанишен град Тјенѓин е способна за непрекинато сметање со брзина од 2.507 петафлопи што е еднакво на 2,507 илјади милијарди сметања во секунда. Новитетот беше соопштен вчера на кинеските вебстрани за компјутерско истражување. Официјалната полугодишна листа на најбрзите суперкомпјутери во светот, ТОП 500 ќе биде објавена денес.

Преземено од: http://www.vest.com.mk/?ItemID=7954C891BCDF804187DAA640A1E25812