Извор: МИА

23 јули 2010

(Побједа)

Откако се распишал државен конкурс за нов дизајн на националната валута рупија, минатата недела Владата на Индија одобри нов симбол на нивната валута. Се работи за спој на латиничната буква „Р“ со „Ра“ од девангарското писмо на „божјиот народ“. Интуитивноста на овој дизајн наведува да се прашаме зошто буквата „с“ се наоѓа во симболот на доларот. Како настанал симболот $?

Симболот $ стигнал од Шпанија. Кон крајот на XVIII век трговците од северноамериканската британска колонија најмногу работеле со две валути: британската фунта и шпанскиот долар. Кога во 1785 година во САД усвоиле сопствена валута, користеле шпански пари за модел, што бил промислен начин симболично да го завртат грбот на Британија. Од тогаш експертите имале теорија дека симболот $ настанал од кратенката за пезос: множина за „пезоси“ се означува со „пс“ кое со тек на време останало само „с“ со една попречна линија која означувала „п“.

Раната употреба на симболот $ настанала со појава на едно писмо кое трговецот Оливер Полок го напишал во 1778 година. Полок ја користел и кратенката „пс“, што ова писмо го прави мост меѓу двата симбола. Потешко може да се објасни дуплата линија преку буквата „с“ во симболот на американскиот долар. Некои сметаат дека таа претставува Херкулови столбови кои на шпанскиот грб го означуваат мореузот Гибралтар. Други велат дека тоа е стенограмски запис на буквата „у“ кој е нацртан преку буквата С и дека означува УС - United States - Соединети Американски Држави.

Симболите на другите модели имаат појасни корени. Знакот на британската фунта £ настанал од латинскиот збор „либра“ кој значи вага, бидејќи на почетокот британската фунта вредела една фунта од чисто сребро (1 фунта изнесува 0,45359237 килограми). Кинескиот јуан и јапонскиот јен - на кинески и јапонски јазик значат „округли предмети“ - го имаат симболот ¥, кој по преписите на меѓународните трговци, за основа ја имаат буквата Ѕ.

Кога е во прашање еврото, по барањето за најдобар дизајн меѓу дизајните кои ги испратиле 30 уметнички тимови, Европската комисија составила жири од 2.000 членови кои направиле листа за 10 финални предлози. На крај бил избран симболот €. Германецот Артур Ејзенменгер тогаш изјавил дека тој ист симбол тој го нацртал пред неколку децении.

На многу земји не им е интересно да креираат сопствени симболи и тие користат едноставин кратенки, како што е случај со полските злоти, чиј симбол е кратенката „зт“, додека ДМ беше кратенка за германската марка - деутсцхе марк. Некои комбинираат кратенка која се состои од почетната буква на името на државата споена со симболот на доларот, како што е случај со Кордоба од Никарагва, чиј симбол е „Ц$”. Симболот за израелските пари шекел ₪, спојува две почетни букви на хебрејско име на валутата во еден симбол.

Вообичаено е со тек на време симболите на валутите да се менуваат. На пример, руската рубља на почетокот била претставена со кирилична буква „р“ која хоризонтално била напишана преку вертикално У. Подоцна симболот бил поедноставен и претставен со буквата „Р“ или кратенката „руб“.

И додека секоја земја има свој начин на претставување на сопствените валути, постои и стандардизиран систем, познат како ИСО 4217, кој Меѓународната организација за стандардизирање го усвоила во 1978 година: Кодовите на тој систем се користат во банкарски е деловни трансакции и потсетуваат на симболи со кои се претставуваат стоките на берзите: ЈПЅ го претставува јапонскиот јен, РУБ руската рубља, а ИНР индиската рупија. Уште поедноставен е нумеричкиот код на секоја валута, кој обично е усогласен со кодот на земјата кој го усвоила ИСО. На пример, нумеричкиот код за саудискиот риал е 682. вз/12:13