Србија, САД, но и цела планета в сабота го слават роденденот на славниот научник. Никола Тесла од неодамна на местото на кое му припаѓа

Од Белата куќа преку Филаделфија се до Холивуд, Америка од петок до недела ќе биде во знакот на Никола Тесла. На 154-годишнината од раѓањето на српскиот генијалец - Тесла  светот, кој толку го промени, го здогледал на 10 јули 1856 година во личкото село Смилјан крај Госпиќ. Во САД ќе биде организирана конференција, изложби, предавања, а сето тоа го даде претседателот Барак Обама.

Тој на предавањето на студентите на Американскиот универзитет во Вашингтон ја повика нацијата, но и целиот свет да го слават името и делото на големиот научник.

Обама го вброи Тесла меѓу луѓето кои помогнаа да се изгради Америка заедно со Ајнштајн, Ендрју Карнеги и сооснивачот „Гугл“ Сергеј Брин. А токму Брин и неговиот „колега“ Лери Пејџ се едни од најголемите почитувачи на нашиот пронаоѓач по кого и дадоа име на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла моторс“...

- Изјавата на претседателот Барак Обама дојде во најубавиот момент, кога ние во Филаделфија се подготвуваме три дена од 9 до 11 јули да го славиме роденденот на Никола Тесла, рече Никола Лончар, роден Земунец и челник на Фондацијата „Никола Тесла“ во САД. „Ќе одржиме голема парада во центарот на градот, потоа меѓународна конференција посветена на „чистата енергија“ на која ќе присуствуваат иноватори од цела земја. Подготвена е и изложба за Тесла која ни доаѓа од Белград.

Градначалникот на Филаделфија одлучи прославата за роденденот на Никола Тесла  да се оддржи и во градската библиотека во централното фоаје на градската куќа и на улиците на градот во која се наоѓа српската фондација.

Гениалецот од Смиљан, кој внесе револуција со своето откритие на полето на електромагнетизмот, електричната енергија, но и радиото и ренгенот, дури последните години во Америка го добива местото кое му припаѓа. Неговата слава ја пренесуваат познати научници, професори, но и „обични“ луѓе, компјутерски игри и холивудски хитови.  Сега со право на Тесла му се препишуваат и „видеото“, мобилните телефони, безжичниот Интернет...

„Волстрит џурнал“ забележа дека младата генрација научници, Тесла го имаат поставено степен над лутиот ривал Томас Едисон, поради кој Србинот ја одби и Нобеловата награда.

А Никола, вистина беше далеку пред своето време. За себе зборуваше дека не е иноватор, туку дека само открива работи кои се во природата околу нас. Од неговите белешки се гледа дека го изучувал ренгенот и ласерот, една година  пред официјално да се откриени. Предложувал пренос на електрицитетот низ повеќе слоеви на атмосферата.

Новиот филм кој ќе се занимава со Тесла (после остварувањето „Престиж“ во кој го глумеше дејвид Боуви) „Ученикот на волшебникот“, ќе се појави на 14 јули, а главниот глумец Никола Кејџ откри во едно интервју дека цел тим бил придвижуван од магијата на Никола Тесла.

- Филмот го завршивме минатата година, токму на роденденот на Тесла, а неговата премиера ќе биде некој ден после, објаснува „оскаровецот“. - Дознав дека сум роден истиот ден кога Тесла починал, па можеби и затоа отидов во хотелот „Њујоркер“ да преноќам во собата во која починал, не би ли го повикал неговиот дух... Тесла беше чудо.

Бесплатно во Музеј

Музејот на Никола Тесла соопшти дека по тој повод на одбележување на годишницата на раѓањето на истакнатиот научник ќе им приреди на посетителите во сабота на 10 јули  бесплатен влез во таа единствена институција.

Разгледувањето постојаната поставка под слоганот „Секоја година е Тесла“ ќе биде овозможено во продолжен темин од 10 до 18 часот. Музејот, исто така, ќе биде отворен и во понеделник 12 јули (неработен ден) бидејќи во недела се завршува фестивалот „Егзит“ чии посетители претходните години во голем број ја посетувале таа институција. ссм/12:05

9 јули 2010

Вечерње новости

Извор: http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=15&lId=1

Друго:

Никола Тесла- Интервју