Голем „бум“ на мобилната телефонија

Глобалниот мобилен промет месечно пораснал на 90 петабајти (рамно на бројот на податоци кои се наоѓаат на 23 милиони ДВД-а), што е зголемување за 160 отсто

(Вјесник - Загреб)

22 февруари

„Циско“ ги објави прогнозите за движењето на индексот за визуелно вмрежување на мобилната телефонија за периодот до 2014 година, со најава на трендови кои ќе бидат во знак на се поголема употреба на мобилни мрежи за преземање на видео содржини. Според прогнозите на Циско, глобалниот мобилен промет ќе се зголеми за 39 отсто по кумулативна годишна стапка на раст од 108 отсто во идните пет години.

Таквиот развој е одраз на експлозијата на разните „mobile-reads“ апарати, како и растот на преземените видео содржини во мобилните широкопојасни мрежи.

Новите прогнози на „Циско“ најавуваат дека до 2014 година повеќе од 5 милијарди луѓе ширум светот секојдневно ќе користат мобилни мрежи за преземање на видео содржини. Со други зборови, идните пет години речиси 66 отсто од вкупниот светски промет на мобилниот интернет ќе бидат видео содржините. Во прилог на тоа говорат и резултатите од анкетата за користење на видеа во Хрватска, спроведена меѓу учесниците на конференцијата „Циско Експо 2009“.

Истражувањето покажа дека дневно видеа гледаат 65 отсто од анкетираните, како и тоа дека во иднина 53 отсто од анкетираните планираат почесто да ги користат видео повиците за да се поврзат со пријателите и колегите.

Имено, неколку години наназад глобалниот мобилен промет месечно растел на 90 петабајти (рамно на бројот на податоци кои се наоѓаат на 23 милиони ДВД-а), што претставува зголемување речиси 160 отсто.

Глобалниот мобилен промет денес расте 2,4 пати побрзо од фиксниот промет на податоци.

Паметните телефони („smart-phones“) и лап топ картичките до 2014 година ќе пренесуваат повеќе од 90 отсто од глобалниот мобилен промет. До 2014 година, повеќе од 400 милиони корисници ќе пристапуваат на интернет користејќи ги само мобилните мрежи.

Во тој период Индија и Кина ќе забележат најголем раст на мобилниот промет со годишна стапка на раст од 222, т.е. од 172 отсто. Блискиот Исток и Африка ќе предначат во растот на мобилниот интернет со годишна стапка на раст од 133 отсто, додека подрачјето на Азија и Пацификот ќе растат со стапка од 119 отсто. „Мобилниот промет денес расте многу брзо, побрзо од прогнозите од пред пет години“, вели Даг Вебстер од „Циско“.

Молневито брзиот развој на уредите кои ги користат мобилните мрежи, како што се „паметните телефони“, „ноутбук“, „е-читачите“, поттикнуваат раст и развој на нови мобилни мрежи.

Наспроти економската стагнација, стапката на барањата за мобилни услуги и понатаму остана многу висока, што воедно е и предизвик и можност за сите компании кои нудат услуги, заклучи Вебстер.

Мобилен интернет за 400 милиони корисници

Компанијата „Циско“ прогнозира дека до 2014 година ќе користи 3,6 егзабајти месечно на мобилните мрежи ширум светот, според нејзините бројки за индексот за визуелно вмрежување. А до крајот на 2014 година очигледно ќе „голтаме“ 40 егзабајти годишно од нашите широкопојасни мрежи, што е раст во однос на вкупниот број од 1,08 егзабајти во цела 2009 година.

Прогнозата е еднаква на зголемување за 39 пати во период од 2009 до 2014 година, или на годишна стапка на раст од 108 отсто. Тоа зголемување го покренуваат два главни глобални трендови: растот на бројот на мобилните уреди подготвени за употреба и распространетата потрошувачка на мобилните видео содржини.

На пример, просечната мобилна широкопојасна мрежа денес произведува 1,3 гигабајти промет месечно, додека потрошувачите кои користат мобилен броадбанд по пат на картички за податоци, плаќаат околу 60 долари месечно по пакет од 5 ГБ промет.

До 2014 година просечната мобилна широкопојасна врска ќе произведува 7 ГБ промет месечно, што значи дека операторите ќе мораат да ги преработат своите тарифни модели, додека исто така ќе се намалуваат трошоците поврзани за праќање на бајтите преку своите мрежи, за зачувување на повисока маржа. До 2014 година повеќе од 400 милиони корисници на интернет во светот ќе пристапуваат на мрежата само преку мобилни врски. вз/

Извор: МИА