ВРХОВЕН СУД НА РУСИЈА

foto.carnikolaj.jpg

Царот и членовите на неговото семејство, Руската православна црква во август 2000 ги прогласи за маченици


Врховниот суд на Русија вчера одби да го рехабилитира последниот руски цар Николај Втори Романов и неговото семејство кои бољшевиците ги ликвидираа во 1918 година, извести портпаролот на Судот, Павел Одинцов. Судот заклучил дека Николај Втори, неговата сопруга Александра и петте деца не можат да се рехабилитираат, потврдувајќи ја така одлуката на руското Јавно обвинителство од 26 септември, објави хрватски "Дневник".

Во ноември 2006 московскиот суд ја оцени за противзаконска одлуката на државното обвинителство да не го рехабилитира Николај Втори. Во јуни 2007 Обвинителството доби налог повторно да го преиспита предметот. Според одлуката на судот, Николај Втори и неговото семејство кои "чека", Лениновата политичка полиција ги уапси, а потоа ги ликвидира на 17 јули 1918 година во Екатеринбург на Урал, не биле жртви на политичка репресија, туку на убиство со премисла што е материја на општото право. Царот и членовите на неговото семејство Руската православна црква во август 2000 ги прогласи за маченици.

Барањето за признание дека убиените Романови биле репресирани од политички причини во декември 2005 го поднесе Великата кнегиња Марија Владимировна која живее во Шпанија.

Извор: „Вечер“

 

Посети: {moshits}