Скопје, 8 ноември (МИА) - Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска со свечена академија одбележа 40 години од своето постоење, исполнети со макотрпна научно-истражувачка работа, со над 300 изданија и исто толку истражувачки проекти, околу 200 научни собири, билатерална соработка со над 25 национални академии.

Честитајќи го јубилејот, првиот човек на највисоката научна институција, академик Цветан Грозданов, рече дека академскиот труд е малку вреднуван зашто во Република Македонија за науката се одвојуваат само 0,25 отсто од бруто-националниот доход, што е најниска ставка меѓу земјите на Југоисточна Европа.

- Сакаме да веруваме дека постоењето и функцијата на МАНУ не се декоративен украс на државноста на Република Македонија, рече Грозданов. Тој се осврна на историскиот развој на МАНУ и на нејзиниот придонес во општествениот развој и на фактот, како што рече, што државните органи малку ги користат изворите на податоци што ги поседува Академијата.

- Повеќе години немаме Министерство за наука како посебен ресор, значајни ракописи не се публикувани поради недостиг на средства...постои одлив на млади научни кадри, додаде Грозданов.

Претседателот на Академијата во оваа пригода го подвлече ставот на МАНУ дека името на Република Македонија не може да биде заменувано. - Тоа не е прашање на прагматичен договор, бидејќи именувањето на државата е неотуѓиво право на нејзините граѓани, истакна Грозданов.

Претседателот Бранко Црвенковски по повод јубилејот, на МАНУ и додели Орден на Република Македонија, како и ордени за заслуги за Македонија на академиците Ѓорѓи Филиповски, Благој Попов, Јордан Поп-Јорданов, Ксенте Богоев, Георги Ефремов, Матеја Матевски и Цветан Грозданов, за нивниот исклучителен придонес во работата и афирмацијата на Македонската академија на науките и уметностите и за врвните резултати во едукативна и научна дејност.

- МАНУ во целост ја заслужи нашата почит и го оправда сопственото постоење. Нејзините резултати го легитимираа националниот гениј и идентитетот на Македонците, како што еднакво ги потврдија и вклучија придонесот, креативните капацитети и хуманистичките вредности на сите наши граѓани и сите национални и културни традиции кои се иницирани и се развиваат во Република Македонија, истакна претседателот Црвенковски.

Шефот на државата додаде дека е длабоко уверен дека и во следните децении МАНУ ќе продолжи сиситематично, упорно и мудро како и досега да придонесува за развојот на научната и научноистражувачката дејност и уметничкото творештво од значење за развојот и афирмацијата на македонската наука и држава.

Премиерот Никола Груевски во својот поздравен говор рече дека 40 години не се многу во животот на академиите, но дека тој период бил доволен за МАНУ да ја докаже својата вредност како продуктивна, корисна и етаблирана научна институција.

- Во своето 40-годишно постоење МАНУ се претвори во многупрофилно здружение на македонски научници, кое ужива заслужен авторитет во светската научна заедница, нагласи премиерот. Тој рече  дека меѓу стратешките определби на Владата е постојано инвестирање во науката, културата и образовниот систем.

- Само преку силниот интелектуален развој Македонија може да обезбеди рамноправност со западните демократии, а македонските граѓани да ја зголемат конкурентноста во сите сфери на економијата, додаде Груевски.

Свеченоста во МАНУ ја следеа голем број гости. Меѓу нив беа и претставници на научни академии од 17 земји. Присутните ги поздравија неколкумина од нив, меѓу кои и  Јири Енгелбрехт, претседател на Европската федерација на академии (ALLEA), поранешен претседател на Естонската академија на науките.

Највисоката научна институција во Македонија има 86 членови, од кои 41 во редовниот состав, 43 надворешни и двајца почесни членови. МАНУ е отворена со свечена седница на Собранието на СР Македонија на 10 октомври 1967 година. Законот за основање на МАНУ е донесен на 22 февруари 1967 година, а ден пред отворањето, на 9 октомври 1967, во Собранието под претседателство на д-р Милан Бартош е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите.

На седницата е конституирана Академијата, за претседател е избран Блаже Конески (1967-1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Од 1976 до 1983 година претседател на МАНУ е Михаило Апостолски, од 1 јануари 1984 до 1991 година - Јордан Поп Јорданов, од 1992 до 1999 година д-р Ксенте Богоев, потоа Георги Ефремов (2000 - јуни 2001), Матеја Матевски (јули 2001-2004), а од 1 јануари 2004 и во моментов функцијата ја извршува академик Цветан Грозданов.

Дејноста на Академијата се одвива во нејзините пет одделенија - Одделение за лингвистика и литературна наука, Одделение за општествени науки, Одделение за математичко-технички науки, Одделение за биолошки и медицински науки и Одделение за уметност.

Корените на Македонската академија на науките и уметностите се во Македонското научно-литературно другарство, основано во Санкт Петербург, на 28 октомври 1902, под претседателство на Димитрија Чуповски. Таа институција, фундамент на МАНУ, основала свои филијали меѓу македонската емиграција во Софија, Одеса, Битола и во Солун. Другарството првпат го воведува македонскиот јазик во службена употреба. хс/са/14:16

 



 МАНУ прославува 40 години постоење

Скопје /06/11/ 16:27

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) оваа година прославува 40 години од своето формирање.

По повод јубилејот, на 8 ноември, ќе се одржи Свечена академија, на која што поздравно обраќање, покрај академиците, ќе имаат и претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

МАНУ е формирана на 22. февруари 1967 година, како највисока независна институција за наука, образование и уметност во државата.

Досегашни претседатели на МАНУ биле Блаже Конески во периодот од 1967 до 1975 година, Михаило Апостолски (1976 – 1983), Јордан Поп Јорданов (1984 - 1991), Ксенте Богоев (1992 – 1999), Ѓеорги Ефремов (2000 – 2001), Матеја Матевски (2001 – 2004) и Цветан Грозданов (2004 - ...).

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централно собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала над 150 члена.

Досегашни три почесни члена на Академијата се Коле Чашуле, Јосип Броз Тито и Едвард Кардељ.

МАНУ има пет научни центри - Центар за генетско инженерство и биотехнологија, Центар за енергетика, информатика и материјали, Центар за ареална лингвистика, Центар за лексикографички истражувања и Центар за стратегиски истражувања.

МАНУ е членка на Мрежата на академиите од Централна и Источна Европа (CEN) и на академиите од Југоисточна Европа (SEEA).

Македонската Академија досега има издадено над 1.700 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите./крај/ам

 

ормирање.

По повод јубилејот, на 8 ноември, ќе се одржи Свечена академија, на која што поздравно обраќање, покрај академиците, ќе имаат и претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски.

МАНУ е формирана на 22. февруари 1967 година, како највисока независна институција за наука, образование и уметност во државата.

Досегашни претседатели на МАНУ биле Блаже Конески во периодот од 1967 до 1975 година, Михаило Апостолски (1976 – 1983), Јордан Поп Јорданов (1984 - 1991), Ксенте Богоев (1992 – 1999), Ѓеорги Ефремов (2000 – 2001), Матеја Матевски (2001 – 2004) и Цветан Грозданов (2004 - ...).

Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централно собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала над 150 члена.

Досегашни три почесни члена на Академијата се Коле Чашуле, Јосип Броз Тито и Едвард Кардељ.

МАНУ има пет научни центри - Центар за генетско инженерство и биотехнологија, Центар за енергетика, информатика и материјали, Центар за ареална лингвистика, Центар за лексикографички истражувања и Центар за стратегиски истражувања.

МАНУ е членка на Мрежата на академиите од Централна и Источна Европа (CEN) и на академиите од Југоисточна Европа (SEEA).

Македонската Академија досега има издадено над 1.700 научни трудови од сите сфери на науката и уметностите./крај/ам


НАЈВИСОКАТА НАУЧНО-ОБРАЗОВАНА ИНСТИТУЦИЈА СЛАВИ 40 ГОДИНИ

Свечена академија на МАНУ

Со Орден на Република Македонија ќе бидат одликувани академиците Ѓорѓи Филиповски, Благој Попов, Јордан Поп-Јорданов, Ксенте Богоев, Георги Ефремов, Матеја Матевски и Цветан Грозданов

Македонската академија на науките и уметностите, највисоката научна институција во нашата земја, денеска во 11 часот со свечена академија ќе одбележи 40 години постоење. На прослвата на големиот јубилеј ќе дојдат и академици од 17 академии од светот. На присутните ќе им се обрати академик Цветан Грозданов, како и премиерот Никола Груевски. По повод четиридеценискиот јубилеј, претседателот на државата Бранко Црвенковски на МАНУ ќе и' го додели и највисокото државно признание Орден на Република Македонија за достигањата во областа на науката, политиката, економијата, културата. Претседателот Црвенковски на седуммина академици ќе им додели и Орден за заслуги за Македонија. Високото признание ќе го добијат најстарите членови на Академијата Ѓорѓи Филиповски и Благој Попов, како и досегашните претседатели на таа институција Јордан Поп-Јорданов, Ксенте Богоев, Георги Ефремов, Матеја Матевски и актуелниот претседател Грозданов.

На собирот ќе зборуваат и академици од повеќе странски академии на науки, а вечерва во 19 часот во просториите на МАНУ ќе биде отворена и изложба со дела на ликовни уметници-академици.

Највисоката научна институција во Македонија беше отворена со свечена седница на Собранието на СР Македонија на 10 октомври 1967 година. За прв претседател беше избран академик Блаже Конески (1967-1975). Потоа, во периодот од 1976 до 1983 на чело на академијата беше академик Михаило Апостолски, а по него, од 1984 до 1991 година академик Јордан Поп Јорданов. Од 1992 до 1999 година претседател на МАНУ беше академик Ксенте Богоев, а за негов наследник беше избран академик Георги Ефремов, кој претседателствуваше од 2000 до 2001 година. Во јули 2001 година за претседател беше прогласен Матеја Матевски, кој академијата ја водеше до 2004 година. Од јануари 2004 година на чело на високата научна институција застана академик Грозданов, чиј мандат е до крајот на годинава.

Денес академијата има 42 редовни члена и исто толку членови-академици што се надвор од работниот состав на институцијата. Работата на академиците е поделена во пет одделенија: Одделение за лингвистика и литературна наука, Одделение за општествени науки, Одделение за математичко-технички науки, Одделение за биолошки и медицински науки и Одделение за уметност. Научните трудови академиците често ги објавуваат на македонски и на англиски јазик. Голем дел од научните откритија во Академијата денес се наоѓаат во библиотеки на повеќе од 500 научни институции во светот.

Корените на Македонската академија на науките и уметностите се од Македонското научно-литературно другарство, основано во Санкт Петербург, на 28 октомври 1902, под претседателство на Димитрија Чуповски.

(Т.О.) -Дневник