Археоастролошките истражувања на Кокино, според некои најнови податоци и наодите за лунарното помрачување, доведоа до заклучок дека ваквото набљудување културно и цивилизациски е старо веќе 4000 години. Имено, според најновите маркери, Месечевото помрачување циклусно се одвивало на 54 години и 34 денови, а првото е забележано во 1917 година пне, а со следење на помрачувањето во следните речиси 2,5 века, последниот маркер е одбележан во 1755 година п.н.е.

Ова, според Ѓоре Цанев, научен раководител на проектот, покажува дека постоела култура на луѓе кои ги набљудувале сончевите и лунарни помрачувања, според кои е организиран животот речиси на цивилизациско ниво. Цанев изнесе интересен податок дека сончевите помрачувања се многу почести од месечевите, иако за нас се почесто видливи овие вторите.

Овие најнови сознанија се овозможени со средства од амбасадата на САД во Македоја кои, на име на истражувања во Кокино, одобриле гранд од 27.000 долари, а нашата Влада одобрила само 100.000 денари.

(Б.Г.)
„ВЕЧЕР“