http://www.megaupload.com/?f=TAXV4Z0Y


Во Енциклопедијата има најмалку 25% одредници кои се однесуваат на Албанците и некому му сметаат 3 или 4. Не очекувам дека МАНУ ќе ја забрани или повлече книгата. Забраната би била лоша и за угледот на МАНУ и за државата, изјави академик Блаже Ристовски за Сител

Македонската енциклопедија е отпечатена во околу 2.000 примероци. Околу 300 веќе се продадени или подарени. За останатите 1.700 копии не се знае каква судбина ќе ги снајде. Дали како во средниот век ќе бидат запалени и уништени или ќе бидат укоричени и дистрибуирани како и сите нормални книги. На ова прашање, одговорот се очекува денеска, за кога е закажано вонредното Собрание на МАНУ. Таму ќе се кршат академските копја: кој прв почна и кој е заслужен за првата научна енциклопедија на земјава.

Во меѓувреме, Енциклопедијата, исто како тајна книга на отпорот, тајно циркулира во електронска форма секаде во светот. Кој сака може да си ја отпечати, но и немора. Таа е дури и бесплатна.
http://www.megaupload.com/?f=TAXV4Z0Y

Академик Иван Катарџиев рече дека минатото треба да биде минато и запишано онака како што било.

Ова не е хајка против некого. Треба да разберете дека ова е прва научна книга од ваков вид и не е лесно да се соберат сите 9.000 одредници. Нормално е да има и грешки, кои може да се намерни или ненамерни, што допрва ќе биде предмет на научна анализа во МАНУ, изјави Катарџиев.

Академик Блаже Ристовски, пак, во интервју за Сител посочи дека двајца албански академици биле поканети да учествуваат во подготовката на Енциклопедијата, но дека и двајцата од свои причини, не се вклучиле во создавањето на првата Македонска енциклопедија.
Во Енциклопедијата има најмалку 25% одредници кои се однесуваат на Албанците и некому му сметаат 3 или 4. Тоа зборува за карактерот на проблематиката. Не очекувам дека МАНУ ќе ја забрани или повлече книгата, очекувам дека ќе бидат извршени корекции и таа нормално ке си биде дистрибуирана. Забраната би била лоша и за угледот на МАНУ и за државата, изјави академик Блаже Ристовски за Сител.

Американскиот амбасадор Филип Рикер, пак, во интервју за Радио Слободна Европа, смета дека е добро што Груевски и Ахмети седнале заедно на маса, по објавувањето на Енциклопедијата:

- Од голема важност е што премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети заедно седнаа за да стават крај на кругот на навредите и заканите кои имаат за цел да се прекине позитивниот правец во кој се движи Македонија. За мене е јасно дека огромното мнозинство на граѓаните на оваа земја се за мирна и просперитетна иднина во Европа како дел од евроатланското семејство, како дел од Европската унија и НАТО. И не можеме да дозволиме индивидуалци, кои можеби имаат своја агенда, ова да го нарушат. Мислам дека лидерите на оваа земја тоа го демонстрираат, изјави Рикер за Слободна Европа.

Неизвеснио е што ќе реши Собранието на МАНУ денеска. За која било промена, по статутот, потребно е просто мнозинство. Ако има пообемни промени или нова редакција и редактор, тоа ќе значи и ново, второ издание. Уништувањето на првото, без сомнение, ќе биде историски настан сам по себе.

Ивона Талевска