Жителите на Скопје ќе сурфаат бесплатно во Жена борец и Градски парк


Коце Трајановски, скопскиот градоначалник, денеска во паркот Жена борец го промовираше проектот за бесплатни интернет точки, со кој жителите на град Скопје ќе имаат можност во Градскиот парк и во паркот Жена борец, со мобилни телефони и лаптопи да сурфаат и работат бесплатно на интернет.

Технологијата на работење е ви- фи, по технолошки стандарди 801/ 11, со минимална брзина од 4 мегабита. Вкупните трошоци на овој проект се 24.800 денари месечно или околу 300.000 денари годишно. Ова е пробен период а ќе трае еден месец, па проблемите со кои ќе се соочуваат граѓаните се од тој аспект, а по изминувањето на месецот ќе има стандарден и добар интернет пристап, кажа градоначалникот.

 

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ ЗА БЕСПЛАТЕН БЕЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ ВО СКОПЈЕ

Жителите на Скопје од денеска ќе имаат можност во Градскиот парк, спроти бараките на администрацијата на Градот, и во паркот „Жена борец“ да користат бесплатен бежичен интернет.


- Со овој проект Градот Скопје се приклучува кон развојот на Република Македонија со информатичка технологија. Вкупните трошоци на овој проект се 24.800 денари месечно или околу 300.000 денари годишно, изјави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој денеска го промовираше проектот за бесплатни интернет точки.

Тој посочи дека интернетот е бесплатен, без лозинка и ќе може да го користат сите граѓани на Скопје. Технологијата на работење е WI-FI, по технолошки стандарди 802/11, со минимална брзина од 4 мега бита.

 

Трајановски потенцира дека реализацијата на проектот била предвидена за 2010 година, но оти е завршен порано.