Десет нови скулптури се промовирани денеска на повеќе локации во центарот на Скопје.

Скулптурите, кои се дел од проектот за поставување 35 скулптури во центарот на градот, ги промовира министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

На улицата Македонија претставени се скулптурата "Бик" на авторот Дарко Дуковски, ", "ЕЕЕЈ" на Димитар Филиповски, како и "Маски" од Ристо Станковски, "Чистач на чевли" од Елена Дуковска и "Просјак" од Наташа Бужарова.

Пред хотелот Холидеј ин, поточно кај Ирскиот паб, презентирана е скулптурата "Жена со гитара" од авторот Синиша Новевски, а на кејот, "Бесконечна циркулација" од Сашо Саздовски.

Пред зградата на Македонската опера и балет е поставена скулптурата "Балерина" од Зоран Тошевски и "Космо интеграла 2008" од Антони Мазневски. /крај/мс