Konf.promocija.jpg
 

 - Почитувани лидери и претставници на верските заедници и на религиските групи во република македонија,

- Почитувани членови на Меѓународниот комитет на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог,

-  Почитуван  г. Руоз, директор на Регионалното биро наУНЕСКО,

- Почитувани екселенции,

- дами и господа,

 

Konf.promocija.jpg

Денеска имам особена чест и задоволство да го промовирам првиот артефакт на зачетокот на создавањето на глобалната платформа за меѓурелигиски дијалог и мир, кој во охридскиот пантеон на историјата, се изнедри од искрената    и благородна иницијатива на претседателот на Владата на РМ, г. Никола Груевски, за дијалог меѓу религиите и цивилизациите.
 
Точно пред една година во Охрид – градот на рамноапостолите од македонскиот род – свети Климент и свети Наум Охридски; огништето на христијанството проповедано низ вековите во древните 365 цркви и манастири, јадрото на просветата и на културата,  домот на првиот Универзитет на Балканот и во регионот (светиклиментовиот) и  крстосницата на верските, културните и други цивилизациски процеси низ столетијата, се одржа Првата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог.

Лулката на словенската писменост, овековечувајќи го дијалогот на живиот јазик, и симболички ја докажа максимата дека ние, луѓето, често го потценуваме синкретизмот поради недостиг од оригиналност и поради стравот дека нема доволно за сите. Затоа, огромно е значењето на своевидната светска екуменска асамблеја, која здружи четиристотини  учесници од 50-на земји во светот  на Конференцијата во Охрид.
Оваа тридневна средба го продолжи големиот датум од новата балканска историја.

Република Македонија и нејзината духовна престолнина – Охрид блеснаа низ целиот свет како потврдени миротворци и креатори на дијалогот, разбирањето и на љубовта, најнапред меѓу сопствените граѓани, а потоа меѓу балканските, европските и сите други народи – триаголниот гранитен камен во темелите на заедништвото, што неизбежно нже упатува кон посреќната сегашност и иднина.

Охридските пораки за мир и соживот се актуелна реалност на еден  вистински пример од минатото на оваа наша библиска земја…старата дама на охридската патрикаана.

Од говорницата на Конференцијата прозвучија многу желби на човечкиот ум.  Тие врвни интелекти со своите ставови, особено со завршниот документ – Декларацијата за унапредување на меѓуверскиот дијалог, разбирање и заедништво, се издигнаа високо во највозвишената цивилизациска мисија – миротворната.

 Зборникот ,,Охридските пораки за мир и соживот”, кој ги содржи нивните искажувања, како и документарниот филм ,,Посакуван мир”, се писанија кои на идните генерации ќе им го доближат актуелниот дијалог на религиите во летото господово 2008, истовремено  поврзувајќи ги во цврста историска архитектоника времето и настаните до одржувањето на Втората  светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, овде , во Македонија, 2010 година.

Во Зборникот, високопрофесионални аналитичари и високи преосвештенства  и  претставници на речиси сите религии во светот, во пет евклидично поврзани целини, ги потенцираат импресиите од оваа средба и размислувањата за одговорноста на цивилизациите пред идните поколенија со заеднички именител во мирот и човекољубието, на кои се надоврзува следната целина што ја контрапунктира реалноста дека “нема вистински мир меѓу цивилизациите, без вистински мир меѓу религиите”.

Konf.promocija15.jpg
Третиот сегмент го симнува мистичниот превез од ролјата на религијата во образованието и нејзиното влијание во трасформацијата на општествата. Во четвртиот дел има текстови кои го потенцираат придонесот на заедничките вредности на различните култури и религии за иднината на човештвото.
На крајот на Зборникот е документиран краток приказ на медиумското покривање на Конференцијата, како сведоштво за нејзиниот моќен одек во светската медиумска јавност.

Почитувани присутни,

Финансиската поддршка на УНЕСКО на оваа Конференција е уште еден доказ дека Република Македонија се воздигнува во очите  на меѓународната јавност како земја лидер на полето на културните позиции на глобалниот свет.

Овој Зборник е меѓу другото и документ за уште еден конкретен придонес на Република Македонија во демократијата на светското општество, во актуелната “ декада на култура и мир во светот”

Кога ќе го прочитате овој  Зборник, несомнено ќе го доживеете моето субјективно размислување, дека различните ракурси на поглед кон иднината, низ различните религии во светот, сепак, се сведуваат на дијалог и љубов.
Љубов кон бога, кон мирот, кон ближниот.
Исчезнувањето на религиозниот фундаментализам од политиката, создавањето толерантност меѓу различните религии, тоа е портата кон мирот меѓу нациите.

Сите војни, сепак , и  по  сже, завршуваат со…мир.

На крајот сакам да изразам голема благодарност до сите оние што  вложија голем труд и енергија во реализирањето на Зборникот “Охридските пораки за мир и соживот” и документарниот филм “Посакуван мир”. Благодарност до  редакцискиот одбор и до печатницата ,,Абакус’’ од скопје.

Ви благодарам!

Министерство за култура на Република Македонија

 

Konf.promocija.jpg

 Промовиран зборникот „Охридските пораки за мир и соживот“

Посети:{moshits}