Ватикан и официјално соопшти дека Дарвиновата теорија за еволуцијата е во согласност со учењата на Библијата, но дека нема да има постхумно извинување за Дарвин поради реакцијата на католичката црква на неговото учење пред 150 години.

Христијанските цркви долго биле во судир со Дарвиновата теорија за постанокот на светот, зашто таа му противречи на креационизмот, т.е. буквалното читање на библискиот опис на постанокот, според кој, Бог е творец на светот. Ватиканскиот министер за култура, Џанфранко Раваси, рекол дека Ватикан не планира да се извинува поради поранешните негативни ставови за Дарвиновото учење зашто католичката црква никогаш не ја осудила Дарвиновата теорија, ниту ја забранила неговата книга. Раваси ја коментирал жалбата на шефот за односи со јавноста на англиканската црква за тоа дека католичката црква би требало да се извини.Раваси разговарал со медиумите во врска со конференцијата на тема „Биолошка еволуција“ факти и теории, критичка оцена по 150 години од „Потеклото на видовите“. Конференцијата ќе се одржи од 3 до 7 март в година, во Рим.

Извор: Дневник

Посети:{moshits}