Во рамките на кампањата на Национална галерија на Македонија под наслов
„Ваша приказна, наша историја“ (Your story our HISTORY) која е во знакот на
одбележување на нашиот историјат - 70 години постоење, интегрално го проследуваме
текстот на проф. д-р Владимир Трајковски инспириан од работилницата на едукативното
одделение под наслов „Од друг агол“. Оваа работилница е дел од Проектот  „Уметност за сите“
кој е подржан од страна на Амбасадата на Кралството Холандија. Имено, станува збор за организирано
фотографирање на повеќе локации од градот Скопје ( Золошката градина, Градски парк, старата Скопска чаршија..)
каде децата со аутизам, низ сопствена призма и од нивен агол, би ни го доловиле амбиентот што ќе го доживеат.





Интро во работилница "Фотографирање“ од проектот „Уметност за сите“

Постојат докази дека арт терапијата кај децата со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) во специјалната едукација придонесува за позитивни промени на нивното социјално однесување и нивниот фокус на внимание. Арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување. Арт терапија може да придонесе за ублажување на две главни проблематични области: социјални комуникациски проблеми и ограничени и повторувачки шеми на однесување. Типични арт терапевтски елементи како што се сензорните искуства со видот и допирот може да го подобрат социјалното однесување, флексибилноста и вниманието на децата со аутизам.
Терапевтите ги опишуваат ефектите на уметничката терапија врз тие деца како способни да ги развијат своите компетенции за да го насочат вниманието, да ја подобрат флексибилноста, да се однесуваат на поструктуриран начин и да ги изразат своите искуства вербално. Верувам, дека фотографирањето може да биде од неверојатен интерес за лицата со дијагнозата на АСН. Тоа е форма на уметност која вклучува технички елементи (рачна изложеност - во која корисникот ги дефинира сите поставувања на фото апаратот) и примената на знаењето (составот, светлината, хармонијата на боите, предметот итн.). Слободата на фотографијата значи дека можете да фотографирате автомобили, авиони и мотоцикли, животни, како и многу други предмети, и со тоа лицата со АСН да најдат одличен начин да се изразат себеси. Таа произведува слика која може да даде големо чувство за награда и да каже нешто за нив и за нивната личност. Преку фотографирањето може да се подобри нивната емпатија во голема мера.
Во Република Македонија досега многу малку се обрнуваше внимание на културолошките потреби на лицата со АСН, а уште помалку на фактот дека создавањето уметност од страна на децата и лицата со АСН може да има терапевтски аспект. Националната галерија на Македонија во последните четири години се покажа како одличен аниматор на потребите на лицата со инвалидност. Вработените лица таму несебично го вложуваа своето знаење со цел за подобра социјална инклузија на лицата со инвалидност.
Оваа институција е меѓу првите од секторот култура која покажува интерес да ги вклучи децата со АСН во културното битисување во нашата држава. Од таму проектот „Уметност за сите# во кој како носител се јавува оваа установа, а финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија доаѓа во вистинско време. Како прва проектна задача е работилницата „Фотографирање“ во која учество ќе земат децата со АСН, а ќе се одвива на неколку локации во градот Скопје. Ова ќе биде одлична можност за ново дружење меѓу децата со АСН и нивните семејства. Фотографијата како вид на арт терапија кај децата со аутизам може да биде ефективна при долготраен третман во групи или индивидуално, бидејќи процесот на креирање уметност го стимулира когнитивниот и емоционалниот развој, овозможува врски и води кон намалување на деструктивното однесување.
Знаејќи дека некои од децата со АСН можат да покажуваат исклучителен интерес во одредена област, се поставува прашањето дали можеби во нашите деца од Македонија лежи некој нов светски филмски или моден фотограф?
Проф. д-р Владимир Трајковски


Голема благодарност до професорот Трајковски

Национална галерија на Македонија