УКИМ одбележува 70 години од почетокот на наставата по руски јазик

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 70 години од почетокот на наставата по руски јазик. Јубилејот го организира Рускиот центар, кој од минатата година е во составот на УКИМ, со тридневна меѓународна конференција на тема „Рускиот јазик, литература и култура во Република Македонија: минато, сегашност и иднина“.

Ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски на отворањето на конференцијата рече дека во учебната 1946/47 година на тогаш новооснованиот Филозофски факултет почнал да работи Лекторатот по руски јазик за потребите на славистичките и на другите групи, а подоцна, рече, тој бил никулец од кој се формирала Катедрата за славистика.

Посочи на активностите со кои УКИМ ја негува русистиката, меѓу кои е отворањето на првиот Руски центар во Република Македонија во јануари 2016 година, кој е четврти во составот на Универзитетот, по Италијанскиот, Турскиот и Кинескиот центар.

– На 21 октомври минатата година се одржа и првиот час од бесплатните курсеви по руски јазик организирани од Рускиот центар. На отворениот конкурс беа пријавени повеќе од илјада кандидати, што за нас беше пријатно изненадување. И покрај огромниот број пријавени кандидати, се успеа да се најде и простор и време за да се отпочнат и завршат сите курсеви предвидени со програмата. Во февруари и јули оваа година им беа доделени и сертификатите по руски јазик на курсистите, рече Јанкуловски.

Директорот на Рускиот центар Велимир Стојковски истакна дека три датуми/години се важни во континуитетот на развојот на русистиката на Скопскиот универзитет и во Република Македонија: 1947 – кога почнал да работи Лекторатот по руски јазик; 1965 – кога Универзитетот го добил првиот лектор од матичната земја, тогаш СССР, и 2016 – кога на УКИМ се отвори Рускиот центар со поддршка на Фондацијата „Руски мир“ и Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

– Во изминатите години развојот на русистиката не беше праволиниски процес и тој се менуваше под влијание на пошироките случувања. Но без оглед што нејзиниот развој беше проследен со различни периоди и околности, таа секогаш се одржуваше благодарејќи на пожртdе залага за понатамашно негување и унапредување на, како што рече, нашата традиционално одлична културна соработка.

Во светот денес 170 милиони луѓе зборуваат руски јазик, околу 350 милиони го разбираат, а надвор од својата земја живеат повеќе од 30 милиони на кои рускиот им е мајчин јазик.

Извор:

http://a1on.mk/archives/794362