Скопската епархија при Македонската православна црква е носител на реализацијата на донаторската акција „Од нас за нашите“ за отворање библиотека во општината Пустец, Албанија, каде што живеат 5.000 Македонци.

Библиотеката ќе биде сместена во рамките на Православното богословско училиште при Соборниот храм „Свети Архангел Михаил“ при Корчарската епархија на Албанската православна црква.

Покрај МПЦ, во реализацијата на акцијата во која се собрани над 3.500 книги, 2.900 списанија, географски и стопански карти, два компјутера, учебници и ученички помагала, учествуваа и голем број верници.