На 18 април, Земјата за прв пат во човековата историја, достигна нивоа на атмосферски јаглерод диоксид, кои се измерени на 410 делови на милион (ppm).

 


Пресвртницата била регистрирана на во „Mauna Loa“ опсерваторијата на Хаваи. Ова е загрижувачки момент за научниците, иако не е момент на изненадување. Уште минатата година, кога Земјата го достигна високото, опасно ниво на присуство на јаглероден диоксид во атмосферата (400 ppm), научниците предупредија дека ваквата фаза ќе се случи.

Научниците сметаат дека сега, повеќе од кога и да е, е важно сите земји да соработуваат и заедно да ја постигнат целта за позелен свет. Според нив, овие високи нивоа на CO2 во атмосферата, се поттикнати од човекот, односно креирањето на фосилни горива.

Затоа предупредуваат дека потребно е емисијата на штетни гасови да биде намалена на половина, инаку присуството на јаглероден диоксид постојано ќе се зголемува.

За признавање и идентификување на проблемот, како и преземањето акции во врска со климатските промени, научниците и граѓаните во САД на 22 април (Денот на планетата Земја), одржаа протестен марш.
Некои земји веќе преземаат марки во врска со ова прашања. Кина вовеле ограничување на јагленот, Германија ќе ги забрани моторите со внатрешно согорување до 2030 година.

Научниците советуваат вакви мерки да се преземат насекаде во светот, за да се постигнат позитивни резултати.
 
Објавено на 02.05.2017 во категорија Наука
Подготвил: Маја Пероска

 

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/17-05-02/izmereni_rekordni_nivoa_na_co2_vo_atmosferata.aspx