НАЈДОБРИТЕ МИСЛИ ОД СОКРАТ

Сократ бил класичен грчки филозоф познат како еден од основачите на западната филозофија. Тој бил добро познат писател кој го менторирал Платон. Сократ станал познат по неговиот придонес во областа на логиката и етиката, а бил фасциниран од човечкиот ум и неговата моќ над физичкото тело.

Тој верувал дека филозофијата треба да се постигне со практични резултати за поголема благосостојба на општеството. Исто така, тој верувал дека човечкиот избор е мотивиран од желбата за среќа, а ова може да се постигне само со вистинско спознавање на самите себеси - со тоа е поголема можноста да направиме избори кои ќе ни ја донесат вечната среќа што ја сакаме.

1.    Мудроста започнува во чудо.
2.    Запознај се себеси.
3.    Оној кој сака да го помести светот, прво треба да се помести себеси.
4.    Начинот на кој може да добиете добра репутација е да се стремите да бидете онака како што сакате да изгледате.
5.    Лесно може да му се прости на дете кое се плаши од темнина; вистинска трагедија во животот е кога луѓето се плашат од светлината.
6.    Видете, тајната во среќата не може да се најде во барањето што повеќе, туку во развивањето на капацитетот да уживате во помалку.
7.    Не е важно само живеењето, туку и правилното живеење.
8.    За да се пронајдете себеси, мислете за себеси.
9.    Тајната на промената е да ја фокусирате целата енергија не на борбата со старото, туку на градењето на новото.
10.    Лажните зборови не се само лошо за самите себеси, туку и тие ја заразуваат душата со зло.
11.    Не можам никого да научам нешто. можам само да ги натерам да размислуваат.

Факултети.мк

 

Еден ден, еден познаник дошол кај големиот филозоф и му рекол: " Еј да ти кажам нешто за оној твој пријател..."
"Чекај малку"-рекол Сократ. "Тоа што сакаш да ми го кажеш треба да пројде тест, дали вреди да се каже..."
"Се вика трикратен филтер"
Со него ги филтрирам муабетите за да знам дали воопшто да ги правам?!
"Дали тоа што сакаш да ми го кажеш е вистина? И ти си потполно сигурен дека е вистина?"
"НЕ", Рекол човекот, "Од каде знам дали е вистина, само што го слушнав  пред пола час."
"Добро не знаеш дали е вистина, но сепак да го пробаме и другиот филтер. Дали тоа што сакаше да ми го кажеш за мојот пријател е нешто добро?"
"Не напротив"- рекол човекот.
"Значи, тоа што сакаш да ми го кажеш не знаеш дали е вистина и е нешто лошо за мојот пријател? Но сепак тестот има уште еден филтер, можеби со него ќе се покаже дека разговорот вреди да се разговара..."
"Дали тоа што сакаш да ми го кажеш за пријателот ќе ми донесе нешто, дали е тоа нешто корисно за мене?"
"Не, не баш, нема ништо корисно"- Рекол човекот.
"Е, и?" Заклучил Сократ: " Тоа што сакаш да ми го кажеш, не е вистинито, не е добро, а не е ни корисно и јас немам ништо од тоа, зошто тогаш би сакал да го слушнам?!".