Zamenik_-_2

На иконата е претставена реплика од познатата икона од манастирот во Зрзе, „Св. Богородица Пелагонитиса“ ...

Од денеска во базиликата „Свето Благовештение“ во Назарет, Израел, се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен-обележје од Република Македонија. Ја постави македонската делегација предводена од заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Државата Израел, Пајо Авировиќ.

Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде што се наоѓаат спомен-обележја од речиси сите држави во светот и православни и католички.

MARTIN
На иконата е претставена реплика од познатата икона од манастирот во Зрзе, „Св. Богородица Пелагонитиса“.

Иницијативата за поставувањето на ова спомен-обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов даде и Македонската православна црква, преку архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Извор: Министерсво за култура на Р. Македонија

07.04.2016 год.