Проблемот на дискриминација против христијаните во Европа постои – резолуција
на ПАСЕ

01 февруари 2015 лето Господово

Во резолуцијата донесена на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПАСЕ)7_600x400.jpg се изразува загриженост во врска со дискриминацијата против христијаните во Европа.

Документот им препорачува на европските земји да го применат принципот на „разумна адаптација“, така што да не ги принудуваат христијаните да исполнуваат обврски кои се противат на нивната вера и ги повикува медиумите да избегнуваат распространување на негативни стереотипи против христијаните и припадниците на другите религии. Освен тоа, резолуцијата ПАСЕ ги повикува европските земји да го почитуваат правото на родителите да ги воспитуваат своите деца според своите религиозни убедувања.

„Усвојувањето на оваа резолуција е важен чекор кон признавањето од страна на меѓународната европска организација дека постои проблем на дискриминација и кршење на правата на христијаните во Европа, без разлика на големината на заедницата кон која тие припаѓаат“, рече претставникот на Руската Православна Црква, игуменот Филип (Рјабих).

Исто така, тој изрази надеж дека резолуцијата „ќе биде внимателно проучена од различни заинтересирани страни“, а врз основа на неа ќе биде наложен „мониторинг за правата на христијаните во Европа и механизмите за нивна заштита“.

Претходно, претставништвото на РПЦ при Советот на Европа го поддржа извештајот за дискриминација против христијаните во Европа, подготвен од страна на претставникот на Молдавија Валериу Гилечи, кој на состанокот на 3 декември 2014 год., во Париз е едногласно поддржан од страна на комитетот на Советот на Европа за еднаквост и недискриминација.
Извор: Правмир

Преземено од : Бигорски манастир