Сиромаштијата не му може ништо на знаењето на Томе Кириази, со тоа всушност и пркоси


Кога не го следиш сопственото мислење. И пак проценката за добромамерност на другиот? Или...

tome so sertifikat
    
„Томе, колку дипломи имаш?,“ го прашувам Кириази во куќата каде што живее на улица „Стив Наумов“ 104 во Битола. „Не знам“, ми вели.

broenje diplomi

Не е ни чудо, си мислам, колку е скромен. „Донеси ги заедно ќе ги броиме,“ му предложувам. И излегуваат околу 20 дипломи и пофалници по математика, физика, астрономија…

ucenik na generacija

На прашањето од каде овој талент, вели: „На натпревари освојував награди и видов дека ме бива“. Неговата мајка Зорка дофрла дека талентот за природните науки го наследил од баба му.

Томе сега е прва година на Информатички факултет компјутерски науки и инжинерство во Битола. Сакал да се запише во Скопје, ама немал можност.

„Завршив средно, а со тоа и моите натпревари. На факултет нема такво нешто“, ми објаснува.

Во Техничко училиште беше прогласен за ученик на генерација. И во основно и во средно речиси секоја година одел на натпревари на регионално и државно ниво. И редовно, на училиштето му носел дипломи или пофалници.

semejstvo

„Во петто, шесто и седмо, на натпревари испраќаа „дете од фамилија“. Ама не постигнуваше резултати. Во осмо го испратија Томе, им се врати со диплома“, вели Стефани постарата сестра на Томе.


kukja




Таа зборува колку што Томе молчи. И е единствената вработена во петчленото семејство Кириази. Еден куп херојски битки има извојувано за нејзините најблиски. Токму со нејзината зборливост и снаодливост.

МИ БЕШЕ СТРАВ ДА ПРАШАМ, ДАЛИ ИМААТ ЗА ЛЕБ

На Интернационалната олимпијада по астрономија и астрофизика во Романија, Томе за првпат видел современ телескоп, што не можеше да го опише со зборови. Беше воодушевен и од подготвеноста на учениците од страна на нивните професори.

Бидејќи освојува награди по математика, физика, го интересира и астрономија, го прашувам што прави во слободно време. Но, Томе ни тука не е ист како неговите врсници.

„Учам англиски и германски. Грчки имам завршено трет степен. Пишувам семинарски. Волонтирам во Младински културен центар, Младински образовен форум, на фестивалот „Браќа Манаки“, одам на играорна…“

Да, сфатив дека под слободно време Томе повторно подразбира учење. Веројатно за да се стекне со знаење, кое и пркоси, а подоцна и ќе ја победи таа проклета сиромаштија која ја живее секој ден. Ми беше страв да прашам, дали имаат за леб.

Татко му Нико ја доживеал судбината на стечаец. Војната во минатото, неговата фамилија ја протерала од Битола, па подоцна и од Лерин. И така, судбината го остави без имот. Откако знае за себе, живее во оваа куќа која е на Општина Битола. Барале да ја откупат на 40 години, но не им одобриле. Плаќале станарина, кога можеле. Сега веќе ни тоа не можат.



Нико дипломирал на Историја на уметност и археологија.

„Малку поработев како туристички водич. Потоа добив постојана работа, но фирмата отиде под стечај. Седум години сум без работа. Таман дојде време децата да се запишат на училиште, јас веќе немам сили да се борам. Сакав да бидам археолог, галерист, библиотекар. Ееее и директор“, вели Нико за кого Томе милува да каже дека сака да зборува на врата и така ја лади собата во која се греат на ќумбе. Неодамна добиле два нови кревети од Црвен Крст.

„Креветите што ги гледате се нови, пред да ги добиеме спиев на искршени. Цела се искривив“, дофрла Стефани.

Мајка му на Томе, Зорка е домаќинка. Таа собира и продава пластични шишиња за да дојде до некој денар. Мајка ко мајка, горда е на своите деца. Но истовреме, бескрајно тажна.

zorka

„Комшиите и другите луѓе, бидејќи не знаат ни ја носат пластиката во двор и ние подоцна ја продаваме,“ вели таа.

ЅВЕЗДИТЕ НА ТОМЕ

Во иднина, Томе се гледа како информатички програмер. Бидејќи ја сака и астрономијата заклучивме дека најдобро е да работи во НАСА. Не за друго, има ракети кои брзо ќе го вивнат до ѕвездите.

Томе е сиромашен, ама е богат со знаење и со љубов од родителите и сестрите. Неговата помала сестра Катерина кога ќе добие 100 денари, сака да ги подели со братот и сестрата.

„Да имаат едно мало парче нешто, го делат на три“, ми вели Зорка.

Кате е прва година во Средно техничко училиште. Ја интересираат диоди, електрични жици, батерии. Сака да експериментира со нив, а вешта е и со глина.

kaj plastika

До сега на Томе му помогнала Општината, Црвен крст, некои организации. Но тоа не е доволно за тој безгрижно да го продолжи студирањето, и да го заврши факултетот кој влева голема надеж за да се избори против условите во кои живее.

Прогласувањето на Томе на личност на годината од страна на еМагазин ја има токму таа цел. Приказната да допре до секој и оној кој може да помогне во оваа негова лична херојска борба. И да овозможи, тој само да учи и да не се грижи како ќе плати книги или како ќе пријави испити.Или во најмала рака, да почувствува пристоен човечки живот, како што заслужува ова дете.

Кога му се јавивме да му кажеме дека тој е нашиот херој, едвај не дослуша, бидејќи си имаше свои обврски. Си го живееше херојството и дента кога бевме.

Ден кој по многу нешта беше, ама баш тежок.

ПРОЧИТАЈТЕ ЈА И ОВАА СТОРИЈА

Личност на годината: Томе Кириази

еМагазин му врачи благодарница на Томе Кириази

Извор:е Магазин