Се зголемува заштитата на децата од злоупотреба и питачење
Владата со нов Закон ќе ги заштитува децата кои се приморани да питачат. Со измените на Законот за семејство кои стапија во сила, на јасен и прeзициран начин се уредува заштита на децата од злоупотреба од питачење.
06.03.2014 15:30:46
Share on twitter Share on facebook Share on email Share on print More Sharing Services 0
Болни и дрогирани. Ги опиваат, или им даваат апчиња за да бидат мирни и да не плачат. Оваа страшна слика е речиси секојдневие по скопските улици. Затоа како што велат надлежните бебињата кои се злоупотребуваат за питачење по улиците постојано спијат. Сликата е речиси идентична на која било крстосница.

- Вака ми е поубаво, заработувам по 500 – 600 денари на ден, мора да се работи. Не ме пуштаат од дома да одам на училиште, вака ќе земам по некој денар, 100 денари денеска, се срамам, не можам да зборувам, велат пред камерата на Алфа, оние кои ги сретнавме на улица.         

Злоупотребите и последиците од несовесното однесување на родителите на овие деца најчесто први ги регистрираат лекарите. Апелираат на совесност и здравствена грижа за да не се случуваат компликации кои честопати и се со фатални последици:
Директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, исткана дека и тие како лекари ќе помогнат  максимално да им се излезе во пресрет на овие дечиња во смисла на  дијагностицирање, лекување и згрижување.
И досега на Детската клиника имало случаи на деца кои биле терани да питачат. Кај дел од нив било утврдено дека злоупотребувале дроги. Само лани завршиле повеќе од 100 деца.

Во обид да се искорени ваквата појава надлежните донесоа законски измени за заштита на децата кои предвидуваат ригорозни санкции за несовесните родители

- МТСП и досега превземаше мерки за да се справи со питачењето на децата на улица, кое како појава најдиректно ги загрозува правата на децата и претставува ризик по нивното задравје и правилен развој. Во многу случаи токму родителите се тие кои ги принудуваат децата да питачат со нив и со постојните законски прописи имаше одредби кои го регулираат ваквото однесување на родителите, истакнa министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Надлежните најавуваат дека ќе продолжат со акциите и апелираат и до граѓаните да не им даваат пари  за да се сузбие оваа појава. Во Македонија има над 160 згрижувачки семејства кои чуваат повеќе од 200 деца кои се напуштени од родителите.

Борис Грујоски -Алфа тв

06.03.2014 год.