Започна  поробувањето на луѓето!
 
·          
АЛАРМАНТНО :  Чипувањето на новороденчињата во Европа тргнува од  месец мај 2014 . ?!
 

Чиповите во телата на новороденчињата ќе се вградуваат, како што  се наведува, заради се` поголемиот број  изгубени деца,  па чипот би требало да помогне  во нивното пронаоѓање,  но, и заради полесно  купување и продавање и пренесување на податоците!
 
 
Ако може да `и се верува на италијанската интернет страница  CorrierediRoma.it, но и според  некои германски и француски извори,  оваа година   Европа, но и останатиот свет  ќе се соочат со исполнувањето  на најстрашното Библиско пророштво .
 
 Станува збор за „жигот на ѕверот“  пророчено во книгата на Откровението , а  според кое  луѓето ќе бидат присилени да го вградат  во своето тело. Токму ова го најави порталот  како факт за мај оваа година.
 
 Иако  за чипувањето на луѓето и порано е пишувано и се претпоставувало така,  општо е познато дека во Америка веќе со години  чиповите се тестираат на одредени групи на луѓе, (психијатриски болни, затвореници...) и други луѓе кои доброволно се согласиле  да примат чип во своето тело.
 
Неговото масовно имплементирање, иако најавено  и одобрено уште од пред неколку години, секогаш е попречувано или се одвивало во тајност  со образложение дека тоа  е само  - вакцина!
 
Оваа страница го најавува чипувањето на новороденчињата овој пат на просторите на Европа  и тоа заедно со вакцината која што новороденото дете ја прима првиот ден по раѓањето во болницата.
 
Можеби и тоа е причината за  законски задолжителното вакцинирање  во Хрватска, зашто наскоро ќе се воведе и чипување,  па нема смисла да се дотерува тој закон дополнително!
 
  Застрашувачки е тоа  што оваа страница има потполно афирмативен став кон  чипот  и  го претставува као добар полициски  помагач.
 
Чиповите во телата на  новородените деца ќе се вградуваат, како што наведуваат,  заради се` поголемиот број  изгубени деца, а  чипот би требало да помогне во нивното пронаоѓање, но  и заради полесно купувње и продавање и пренос на податоци.
 
 Микрочиповите,  кои  ќе се вградуваат  под кожата на секое родено бебе, всушност, се мали  технички картички (како зрно роза) на кои ќе бидат испишани, ама баш  сите податоци за детето, но  и  со  поставен
 ГПС уред   кој што ќе мора да се полни  секоја втора година во болница и  покрај  кого  ќе бидат инсталирани ГПС  системи.
 
 Овој микрочип директно е поврзан  со сателит, така што оној кој го носи никако не ќе може да побегне  во сопствената приватност - никогаш!
 
Ќе се вградува во сите јавни болници  и на сите бебиња во ЕУ и тоа потполно   бесплатно , но ако родителите го сакаат тоа.
 Но, како да им се верува дека потајно нема да им се вградуваат и на оние бебиња чии што родители тоа не го сакаат?
 
Ќе се имплементираат  на подрачјето на десниот лакт под кожата .
Но, според оваа страница, но и другите информативни медиуми , микрочипувањето е веќе одамна започнато.
 
 Да се чипуваат заради сопствена  „сигурност“ на подрачјето  на Европа сега  можат и возрасните и децата кои тоа го  сакаат.    Но, од мај  оваа година,  секое бебе ќе биде изложена на можност на чипување,  но  и  заплашувањето на родителите кои заради таа лажна „сигурност“, која што ја претставуваат како причина  за чипот, навистина би можеле  масовно  да се согласуваат на ова монструозно  етикетирање на човечкото суштество.
 
Што друго да се каже , освен - Започна!
 
Чипувањето на луѓето, знак е дека Библиските последни времиња се во полн ек и дека против тие знаци потребно е да се бориме  со сета сила. Имено, колку тоа нам страшно да ни звучи, факт е дека чипувањето на луѓето е врв  на злото од кое сите се плашат , а кое едноставно кога - тогаш, мораше да се појави.
 
Моќта, контролата  и потполната власт над човекот  веќе подолго време се многу видливи во нашето општество , а чипувањето на  идните генерации е потполно остварување на тој зол план усмерен против човекот.
Секако, и чипот е претставен како мерка на сигурност , зашто тој би требало да  го спречи киднапирањето на децата, но и бегствата на затворениците!
 
Еднакво како и сите закони кои се изгласани во последните години  во целиот свет, а кои се претставени како заштита на човекот од човекот. Тоа е потполна лага !
 
 Тие, (елитите) се оние заради кои децата масовно исчезнуваат, кои вршат „дил“  со органи , кои се занимаваат  со педофилија и со ритуални злоставувања на децата  и кои сега ги поставуваат овие закони  со цел да се зароби целото човештво .
 
 Еднаш, кога ќе го дозволите чипот  во своето тело,  треба да знаете , тоа тело веќе не е ваше, зашто не можете да бидете сигурни дека некој не управува со вашите движења, со вашите  мисли и дела.
 
ЧИПОТ е  врвот на одземањето на човековата слобода  и тоа е најужасното од се`.
 
Родени сме од Бога слободни  и секој оној кој што ќе се обиде таа слобода да ни ја одземе, да знаеме , не е од Него (од Бога)
 
 
11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змев.
12. И со сета власт на првиот ѕвер тој дејствуваше пред него и ја тераше целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;
13. и правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето.
14. И ги мамеше жителите земни со чудата, што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на жителите земни да му направат лик на ѕверот, кој што имаше рана од меч и остана жив.
15. И му се даде да вложи дух во ликот на ѕверот, та да прозборува тој и да
направи да бидат убиени оние, кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ.

16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
(О ткровение по Јован , (глава 13,  11,- 18).
 
Autor: Z.K.  Автор  З. К.
 Преведе : Мина Даниловска