Муслиманите најбрзо растечка популација во светот, христијаните во Албанија


Истражувањето кое неодамна го објави американскиот Центар за истражување на глобалното христијанство на тема „Христијанството во глобален контекст од 1970 до 2020“ покажува дека муслиманите се најбрзо растечка популација во Европа, но и во јужна Европа или Балканот. Како што покажува студијата најголем раст во бројот на своите наследници во регионот на Балканот ќе забележат муслиманите, па така нивниот број од 2,9 отсто од 1970 година ќе порасне на 6,8 отсто до 2020 година, што е раст од околу четири отсто.

15.10muslimani1

Бројот на христијаните е во опаѓање

- Додека муслиманите во тој регион историски биле присутни главно во Босна и Херцеговина, Албанија и во Косово, по пат на неколку бранови имиграции сега речиси во сите земји на Балканот постои многу значајна муслиманска заедница – се наведува во ова американско истражување.

Наведената студија, пак, покажа дека следните години бројот на христијаните во однос на припадниците на други религи значително ќе се намали.

Имено, бројот на христијаните во Јужна Европа, т.е. на Балканот, од околу 111 милиони или 87,7 вкупна популација на регионот од 1970 година, е намален на 82,4 отсто до 2010 година, додека нивниот број до 2020 година ќе изнесува 129 милиони, т.е. 81,7 отсто од популацијата во регионот. Тоа е пад од шест отсто во период од 50 години.

- Во однос на претходната деценија, до 2020 година бројот на христијаните ќе забележи значителен пад во Источна Европа, додека во сите други делови на Балканот ќе забележи значителен пад. Христијанството во јужна Европа бележи континуиран пад се од 1970 година – се наведува во студијата.

Исто така, значаен пад во бројот на следбениците во регионот на Балканот ќе забележои и католицизмот.

- Инаку, на регионална основа, католицизмот е доминантна форма на христијанството иако членството и популарноста на црквата е во постојан пад. Католиците во 1970 година биле 78,1 отсто од популацијата на Балканот, додека до 2020 година се очекува да забележи пад и да се 73,8 отсто во однос на другите популации во регионот – наведено е во американското истражување.

Во истото истражување се подвлекува дека црквата е се помалку популарна во јавноста, но и тоа дека бележи се помала присутност и влијание во јавниот живот и политиката.

- Влијанието на црквата во јавниот живот во земјите на јужна Европа бележи пад поради се помалиот број на црковни службеници, но и намалениот интерес за црквата и црквените дејности. Но, независните цркви во јужна Европа се во постојан пораст поради имиграции од Африка, што посебно се забележува во Италија – се вели во студијата.

Најголем пораст на христијанската популација е во Албанија

Гледано на регионално ниво, најголем пораст на христијанската популација во земјите на Балканот ќе забележи Албанија, каде бројот на следбениците на оваа религија од 173.000 од 1970 година ќе се зголеми на околу еден милион, т.е. на 32,4 отсто од вкупната популација на таа земја до 2020 година.

И во БиХ бројот на христијаните ќе се зголеми за над еден отсто од 1,6 милиони, т.е. 46,3 отсто од 1970 година на 1,7 милиони, т.е. 47,8 отсто, од вкупната популација во 2020 година. Исто така, во Хрватска бројот на христијаните се околу 4 милиони, т.е. 95 отсто од 1970 година, а ќе порасне на околу 4,1 милион т.е. 95,6 отсто до 2020 година.

Имено во Косово бројот од 133.000 христијани т.е. 10,9 отсто од 1970 година ќе падне на околу 123.000 т.е. 5,9 отсто од вкупната популација на таа земја во 2020 година. Исто така и во Македонија бројот на христијаните од 81,8 отсто од 1970 година ќе падне на 63,9 отсто од вкупната популација во таа земја до 2020 година. Во Словенија бројот на христијаните од 92,8 отсто од 1970 ќе падне на 86,3 отсто до 2020 година како и во Грција каде бројот на христијаните од 98,3 отсто ќе падне на 90,8 отсто до крајот на оваа деценија.

Значаен пораст на христијаните до 2020 година во Србија и Црна Гора

Од земјите на регионот значаен пораст во бројот на христијаните во однос на другите религиски групи ќе забележат Србија и Црна Гора.

Имено, според резултатите наведени во студијата, во Црна Гора бројот од околу 262.000 т.е. 50,6 отсто од 1970 ќе се зголеми на околу 504.000 т.е. 79,3 отсто од вкупната популација на таа земја во 2020 година. Исто така и во Србија од околу 4,6 милиони, т.е. 66,4 отсто од 1970 ќе порасне на околу 6,8 милиони или 90,3 отсто од вкупната популација во таа земја се до 2020 година.

Од останатите религиски групи, атеистите во земјите на јужна Европа ќе забележат раст, па нивниот број од 7 отсто од 1970 ќе порасне на 9 отсто до 2020 година. Истото истражување покажа дека бројот на атеистите во регионот на јужна Европа, т.е. на Балканот ќе забележи благ пад од 2,4 отсто од пред неколку децении на 2,2 отсто до 2020 година. Во извештајот на американскиот Центар за истражување на глобалното христијанство на тема Христијанството во глобален контекст во групата на земјите на јужна Европа, освен земјите на поранешна Југославија и Албанија, се наоѓаат и Италија, Грција, Малта и Шпанија.

Муслиманите во текот на изминатите 40 години станаа најбрзо растечка верска група

Наведеното истражување покажа дека муслиманите, гледано на европско ниво, во текот на изминатите 40 години станале најбрзо растечка популација на тој континент, додека процентот на христијаните не се менувал значително.

Во извештајот се изнесени сите релевантни детали за христијанскиот, верскиот и социјалниот контекст во секој од 21 регион во светот со промените кои настанале или ќе настанат во периодот од 1970 до 2020 година.

Во извештајот е наведено дека двете светски религии, христијанството и исламот, доминираат во подрачјето на верските демографи со акцент дека истиот тренд ќе продолжи и во иднина.

- Поради високата стапка на наталитетот кај муслиманите во минатото, голем број млади муслимани сега се во години кога основаат семејства, што предизвикува значителен демографски раст меѓу припадниците на таа религија. Меѓу христијаните таа стапка е различна, додека во Европа се намалува, во Африка бележи раст – се наведе во извештајот.

Така во Европа во 1970 година биле 655 милиони христијани и биле 75 отсто од европската популација, додека тој број во 1910 година изнесувал 94,5 отсто. Исто така, на тлото на Европа во 2010 година имало 78,6 отсто христијани, додека во 2020 година се очекува да бидат 744 милиони, т.е. 78 отсто од вкупната европска популација. Според тоа, бројот на христијаните во претходните 40 години значително не се менувал.

Од друга страна, муслиманите во 1970 година биле 2,7 отсто од европското население, додека се очекува до 2020 година да бидат дупло повеќе, т.е. 5,9 отсто од жителите во Европа, најмногу поради зголемените миграции и високата стапка на наталитет во однос на припадниците на други вери. Тоа воедно е и најголем пораст на една религиска група на тлото на Европа во изминатите 50 години.

Се помалку атеисти во Европа

Според наведеното истражување, бројот на атеистите во Европа од 8,2 отсто од 1970 година ќе падне на 2,1 отсто до 2020, што е еден од најголемите падови во бројот на припадниците на една демографска група во текот на изминатите децении. Бројот на атеистите ќе се задржи на 13,1 отсто како што изнесувал и во 1970 година.

Гледано на глобално ниво, до 2020 година се очекува во светот да има околу 2, 5 милијарди христијани што е една третина од светската популација.

- Попрецизно, во 1970 во светот биле 1,228 милијарди христијани што е 33,2 отсто од вкупната светска популација, веќе во 2010 година биле околу 2,262 милијарди, т.е. 32,8 отсто, додека до 2020 година се очекува број од 2,550 милијарди што е 33,3 отсто од вкупната светска популација – наведено е во студијата.

Според истиот извор во 1970 година во светот имало околу 577 милиони муслимани па биле 15, 6 отсто од светската популација, во 2010 година околу 1,552 милијарди што било 22,5 отсто, додека до 2020 се очекува раст на 1, 827 милијарди што е 23,9 отсто од вкупната светска популација, а воедно и најголем раст на бројот на една религиска група во светот.

Според истото истражување, бројот на атеистите од 14,7 отсто од 1970 година ќе падне на 8,9 отсто во 2020 година, додека бројот на будистите ќе забележи раст од 6,4 отсто од 1970 година на 7,1 отсто до 2020 година. Атеистите во 1970 биле околу 165 милиони т.е. 4,5 отсто од светската популација, во 2010 година околу 136,5 милиони, што е 2 отсто, додека до 2020 се очекува да бидат 136,6 милиони или 1,8 отсто од вкупната светска популација. Според наведеното истражување, атеистите во однос на другите групи забележале најголем пад на глобално ниво во бројот на своите припадници во текот на изминатите 40 години.

Еден од најинтересните податоци од наведената студија е фактот дека во светот во 2010 година имало повеќе верници од 1970 година и тој тренд ќе продолжи и до 2020 година. Така на пример, во 1970 година околу 82 отсто од светската популација се изјаснувале како верници, а во 2010 година тој број пораснал на 88 отсто, додека до 2020 се очекува пораст на верниците во светот на 90 отсто.

- Во 1970 година во светот е забележан пораст на атеистите кои тоа време во светот биле околу 19,2 отсто, при што најмногу придонела зголемената секуларизација, посебно во Европа, како и комунизмот во Европа и Кина. Но, по падот на Советскиот сојуз во 1991 година голем број верници се вратиле на верата – се наведува во американскиот извештај за верските движења во светот.

Извор: Бриф.мк

5.12.2013  год.

Преземено од:

 http://denesen.mk/web/2013/12/04/muslimanite-najbro-rasteckaa-populacija-vo-svetot-hristijanite-vo-albanija/